16% од компаниите во Европа продаваат преку Интернет

- Advertisement -

Секоја шеста компанија во Европската унија продавала минатата година производи и услуги преку Интернет. Од регионот, Хрватска е благо до европскиот просек, покажува извештајот на Европската канцеларија за статистика.

Како што известува МИА, вкупно 16% компании во ЕУ минатата година примиле порачки преку интернет страниците или апликациите, утврдиле од Еуростат, забележувајќи дека нивниот удел повеќе или помалку е непроменет од 2014 година. Во 2010 година само 12% од нив користеле интернет како канал за продажба.

- Advertisement -

Од компаниите со веб продажба во 2016 година речиси сите (97%) ги исполнуваат нарачките за домашниот пазар, додека помалку од половина (44%) продаваат стоки и услуги на државјаните на други земји-членки на ЕУ. Малку над една четврттина (28%) од фирмите користат онлајн канали за тргување на пазари надвор од од ЕУ.

Од земјите каде Интернетот се користи најмногу за продажба од компаниите се Ирска (26%), Шведска (25%) и Данска (24%), а по нив следуваат Холандија (22%) и Белгија (21% ).

Сподели!
- Advertisement -