Креаторот на биткоин е побогат од Бил Гејтс и од Џеф Безос?!

- Advertisement -

Мистериозниот човек познат како Сатоши Накамато, за кого се верува дека е креатор на биткоин, би можел да стане најбогатата личност во светот. Ако веќе не е. Извесно е дека тој сега се наоѓа пред милијардерите Бил Гејтс и Џеф Безос  на листата со најбогати луѓе во светот на магазинот Forbеs.

Кога цената на биткоин почна нагло да расте се проценуваше дека Накамото има околу 17 милијарди долари, па судејќи според вредностите на криптовалутата и предвидувањата до каде ќе расте цената, „таткото“ на биткоин би можел да стане првиот трилионер во светот.

- Advertisement -

Биткоин годинава забележа раст од 1.800%. Минатата недела по прв пат беше пробиена и границата над 19.000 долари. Се верува дека Накамото поседува околу половина милион биткоин и дека никогаш не продал ниеден.

Идентитетот Сатоши Накамото, кој е псеводним за авторот кој почна да рудари биткоин пред околу 9 години, останува мистерија. И ден-денес не се знае кој е Накамото. Изминатите години се шоекулираше за четири лица кои би можеле да бидат Накамото, а најновата шпекулација е дека тоа е Илон Маск.

Сподели!
- Advertisement -