Овие градови се под закана поради огромниот број на туристи

- Advertisement -

Додека некои градови со различни мерки го поттикнуваат туризмот кој придонесува кон економскиот развој, одредени места во светот се соочуваат пак со огромен број на туристи кои наместо бенефит, претставуваат закана за овие места.

Како што пишува Telegraph, со овој проблем веќе најавија дека се соочуваат Барселона и Венеција, а според ново истражување на World Tourism and Travel Council, градовите како Лисабон, Париз и Маракеш исто така можат да станат жртва во наредниве години.

- Advertisement -

Од организацијата велат дека единствено локалните власти во овие градови и властите на национално ниво можат да преземат мерки за надминување на овој проблем. На пример, годинава властите во Дубровник ставија граница на бројот на туристи кои можат да бидат присутни истовремено во Стариот град. Во Венеција локалното население излезе на протести, а во Барселона беа нападнати автобуси за разгледување на градот.

Истражувањето вклучило детектирање на овој проблем преку неколку параметри, како растот на бројот на туристи, густина на туризмот и закана по локалната култура. Европските градови Будимпешта, Прага, Лисабон и Варшава веќе манифестираат некои од овие симптоми. Резултатите покажале дека преголемиот број на туристи може да придонесе кон јавување на следниве проблеми:

- Advertisement -
  • оттуѓени локални жители
  • низок квалитет на туристичко искуство
  • оптеретување на инфраструктурата
  • оштетување на природата
  • закана по културното наследство

Во Венеција, туристите предизвикале дури и отселување на населението. За само 30 години, популацијата на градот се намалила за половина и сега изнесува 55 000 жители. На многу други места пак, квалитетот на туристичкото искуство се намалува поради предолгите редици за влез во одредени туристички атракции или преголемата концентрација на туристи на едно место. Ова е случајот со делото Мона Лиза кое се наоѓа во музејот Лувр во Париз, каде откако посетителот ќе стигне овде, си го поставува прашањето дали ова е идеалниот начин да се набљудува уметноста.

- Advertisement -

„Туризмот е одличен за создавање нови работни места и економски раст. Со тоа што светот станува побогат, една милијарда повеѓе луѓе ќе станат дел од средната класа до 2030 година поради што овој сектор ќе продолжи да расте.“, вели претседателката на советот кој го направи истражувањето, Глорија Гевара.

Таа дополнително апелира кон властите да создадат долгорочни стратегии за туризам. За дестинациите каде пак има културно наследство кое може да се оштети, истражувањето налага поставуваше граници на бројот на туристи како во Дубровник, како и промоција на помалку посетени дестинации.

Сподели!
- Advertisement -