Преку 25 колонии на пчели се сместени околу фабриката на Porsche во Лајпциг, Германија.
Сите знаеме дека Porsche произведува квалитетни спортски и луксузни автомобили. Овој пат, германската компанија изненади со нешто сосема различно. Како дел од својата програма за одржлив развој, Porsche претстави свој сопствен мед, пишува Poslovni Dnevnik.
Колониите на пчели околу нивната фабрика биле поставени во мај годинава со околу 1,5 милиони пчели кои веќе дале 400 килограми мед. Медот може да се купи под името Turbienchen.
Пчелите се само еден од низата еколошки проекти кои ги планира Porsche. Во 2002 година, компанијата отвори и резерват за пони-коњи и бикови, каде исто така живеат и елени, птици и зајци. Од Porsche се одлучиле за поддршка на развојот на пчели бидејќи паразитите, пестицидите и недостаток на биотоп предизвикале драстично намалување на пчелите во Германија.
Компанијата планира да ги прошири колониите на пчели веќе во текот на следната година.