Кина ќе постигне нов рекорд на инсталирана соларна енергија

- Advertisement -

Кина продолжува забрзани да го зголемува производството на соларна енергија во 2017 година и да ги надминува и своите очекувања. Тие веќе го имаат најголемиот капацитет за производство на соларна енергија во споредба со сите други земји во светот, а само годинава ќе додадат нови 54 гигават-часови.

Во јули годинава Кина очекуваше да додаде 30 гигават-часови соларна енергија во 2017 година, но тие таа цел ја достигнаа уште во август. Со новите капацитети земјата ќе има вкупно 120 гигавати потенцијал за соларна енергија, пишува GreenMatters.

- Advertisement -

Кина веќе ја надмина и својата зададена цел за 3030 година. Во текот на три години тие планираа да додадат 105 гигават-часови соларни панели, но таа бројка ја достигнаа и ја надминаа во јули. Многу е веројатно дека земјата ќе добие монопол на пазарот за соларна енергија затоа што во текот на наредните неколку години капацитетот можат да го зголемат на повеќе од 200 гигавати.

Земјата уште од 2014 година е лидер во производството на соларна енергија во светот, а сега е на прво место и по инсталираните капацитети. До 2040 година, според проценките на Интернационалната агенција за енергија, 40% од потребите за енергија на Кина ќе се задоволуваат со обновливи извори.

Сподели!
- Advertisement -