Tesla избра локација за новата гигафабрика во Eвропа?

- Advertisement -

Комбинацијата од најнизок данок на добивка во ЕУ, развиена инфраструктура и силно лобирање од министерот за надворешни работи би можела наскоро да се исплати. Новата гигафабрика за батерии на Илон Маск би можела да се гради во Унгарија

Откако унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарт ја посетил Силиконската долина и производствените капацитети на Tesla, во Унгарија веќе почна да се раѓа оптимизам. Унгарците доставиле понуда до Tesla која не може да се одбие.

Општо познато е дека Tesla е во потрага за европска локација за изградба на нова гигафабрика за батерии која треба да започне да се гради наскоро. Во Унгарија автомобилската индустрија е во подем, вработува околу 100 000 луѓе и претставува една третина од унгарското индустриско производство.

- Advertisement -

Доаѓањето на Tesla би била круна на успехот во привлекувањето на странски инвестиции во секторот на автоиндустријата.

„Нашата цел е да ја позиционираме Унгарија на картата како земја која придава голема важност на автомобилската индустрија“, изјави министерот за Reuters. Тој додал дека во Tesla реагирале навистина позитивно на нивната иницијатива, како и на фактот дека во Унгарија данокот на добивка е 9%, најнизок во цела ЕУ.

- Advertisement -

Првиот чекор кој Tesla го вети е дека следната година ќе изгради две станици за полнење за електрични автомобили во Унгарија. Државата дополнително ќе обезбеди уште 3 000 електрични страници за полнење до 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -