Отворена ЕВН училница во училиштето „Михајло Пупин“ каде што учениците ќе развиваат технички вештини

- Advertisement -

Свечено отворање на првиот кабинет за проектот „20-20-20” се одвиваше денес во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин” во Скопје. На настанот присутни беа министерката за образование и наука г-ѓа Рената Дескоска, членовите на Управниот одбор на ЕВН Македонија и вработени и ученици на училиштето.

„Се надевам дека овој модел ќе го следат и други компании во Република Македонија. Поврзувањето меѓу стручните училишта и компаниите е од особено значење поради тоа што целта е да се едуцираат ученици кои ќе бидат спремни да влезат на пазарот на трудот” изјави министерката за образование и наука, д-р Рената Дескоска.

- Advertisement -

Нова наставна програма за електроинсталатер и монтер беше предложена од работна група на експерти од ЕВН Македонија и СЕТУ „Михајло Пупин”. Истата беше поддржана и од Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука.

Директорот на СЕТУ „Михајло Пупин”, г-дин Ефтим Пејовски упати благодарност до ЕВН Македонија за соработката и донацијата и додаде: „Овој проект почна од нула, односно се роди како идеја од долгогодишна соработка помеѓу ‚Михајло Пупин’ и ЕВН Македонија. Мило ми е што овој проект стана реалност и успеавме да направиме промени во насока на креирање на образовна програма која мотивира и генерира квалитет.”

- Advertisement -

ЕВН го опреми целиот кабинет и донираше современи средства за едукација како: електротехнички материјали, алати, разводни ормари според стандарди на ЕВН и заштитна опрема за учениците. Овие материјали се користат при секојдневните активности на монтерите на ЕВН.

- Advertisement -

Г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија го имаше завршниот збор: „Имаме потреба од квалификувана работна сила. Во овој кабинет, на учениците им се достапни реални материјали со кои ќе се соочуваат кога ќе работат на терен. Преку проектот ‚20-20-20”’овие ученици ќе добијат работно место, а ние како компанија ќе добиеме квалификувани вработени.”

Во март 2017 година ЕВН Македонија и СЕТУ „Михајло Пупин” потпишаа меморандум за соработка со кој се започна создавањето на условите за формирање на специјалната ЕВН паралелка. ЕВН има планирано вклучување на своите стручни кадри во процесот на менторирање на учениците. Со проектот „20-20-20”, ЕВН Македонија нуди уникатна шанса за пракса и можност за вработување.

Сподели!
- Advertisement -