Аналитичарот Рони Моас прогнозира дека биткоин наскоро ќе вреди 400.000 долари

- Advertisement -

Биткоин неодамна ја достигна најголемата вредност досега од над 19.000 долари, а независниот аналитичар Рони Моас прогнозира дека најпопуларната криптовалута би можела да достигне вредност од 400.000 долари во блиска иднина.

Според него, биткоин веќе има раст од повеќе од 500% откако аналитичарот го препорача во јули годинава, а Моас очекува дека ќе порасне за уште 500%. „ Јас сметам дека крајната вредност на биткоин е околу 300.000 до 400.000 долари, а тоа ќе значи дека ќе стане највредната валута на светот“ истакнува Моас.

- Advertisement -

Моас, исто така, вели дека ќе постојат повеќе од 300 милиони луѓе во светот кои ќе се обидат да сдојдат до тие неколку милиони биткоин колку што моментално ги има во оптек. Оваа несразмерност на достапните количини и побарувачката ќе резултира со голем раст на цената на биткоин во иднина.

Рони Моас е основач на компанијата Standpoint Research со седиште во Мајами. Компанијата се занимава со вршење независни истражувања на акции. Тие вршат анализа, дијагностика и предвидувања за домашни и странски акционерски капитал.

Сподели!
- Advertisement -