Сакале ние или не хуманиодните роботи се повеќе ни се приближуваат во секојдневниот живот, а азиските земји како Јапонија и Јужна Кореја забрзано работат на тоа да ги донесат во нашето секојдневие. Најдобар пример за тоа е носењето на олимпискиот факел, кој во очи на Зимските или Летните олимписки игри патува од легендарната Олимпија во Грција кон локациите на кои се одржуваат олимпијадите.
Носењето на факелот не изостана ни во очи на Олимписките игри кои идната година се одржуваат во јуќнокорејскиот Пјонгчанг, а меѓу бројните носители на факелот овој пат са најде и еден хуманоиден робот под името Хубо, кој е наменет за користење во спасувачки акции во сценарија за катастрофи.
Vidi.hr пишува дека роботот мораше да направи дупка во ѕид од цигли додека истовремено го носеше факелот, а потоа го предаде олимпискиот пламен на наредниот носител. Иако Хубо го носеше факелот само 150 метри, неговиот чин е полн со симболика затоа што покажува дека доаѓа времето кога хуманоидните роботи ќе се движат меѓу нас.