Стопанска Банка АД Битола доби признание за најдобра банка за 2017 година

- Advertisement -

Светски познатиот, реномиран финансиски магазин Global Banking & Finance на Стопанска Банка АД Битола по трет пат и ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година.

Global Banking & Finance секоја година доделува престижни награди на банките кои се истакнуваат со својата експертиза во финансискиот свет. Наградите се одраз на иновациите кои банките ги вклучуваат во своето работење, креираните стратегии како и на прогресивноста на промените во работењето на банката како целина.

- Advertisement -

За престижноста на наградите кои се добиваат говорат фактите поврзани со овој магазин. Тој е еден од светските водечки извори за информации во финансискиот и банкарскиот свет. Трендовите кои се развиваат во светски рамки се под постојан мониторинг од  искусните новинари на магазинот, истражувачките тимови и уредниците кои во постојан чекор со промените кои се случуваат во рамките на глобалните финансии носат одлука наградите да ги доделат на банките кои исклучително се истакнуваат со своето работење во одредена област.

Овој водечки интернет и печатен медиум е препознатлив по своето избалансирано размислување и оценување и постојаните обиди за јасно и прецизно изнесени независни вести во рамките на глобалната финансиска заедница.

- Advertisement -

Наградите за најдобра retail банка и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година се дел од низата на признанија на банката која неуморно и посветено работи на тоа да биде препознаена и призната како стабилна банкарска институција чија успешна приказна ќе биде уште долго раскажувана и наградувана.

Сподели!
- Advertisement -