Технологијата веќе наголемо го смени начинот на кој живееме, па во иднина со проширената и виртуелната реалност можеме да очекуваме уште порадикални промени. Големи промени особено можеме да очекуваме во сегментот малопродажба и наскоро ќе се промени и начинот на кој купуваме во продавниците.
Дел од тие промени ќе биде и хрватската компанија PickUp Solutions, која неодамна имаше забележителен настап на конференцијата Zagreb Connect. Во разговор за онлајн магазинот Zimо, Лука Видa од PickUp Solutions објаснува повеќе за производот. Според нив, скенирањето на производите на каса мора да биде едноставно за сите купувачи, а технологијата би ја додале во нешто сосема природно за секој купувач – корпата за производи. Досегашните решенија бараат значителни промени во опремата на продавниците, а за хрватската паметна корпа се потребни минимални промени во инфраструктурата.
Системот вграден во корпата осигурува дека производите кои се ставени во неа ќе бидат платени, дури и случајно или намерно прекочениот производ. Основната заштита е на ниво на проверка на тежината кај која алгоритам го го забрзува процесот во однос на постојните решенија на пазарот. Потоа, вграден е и систем за копјутерски вид кој ги надгледува сите промени во корпата. Според компанијата, времето поминато на каса со новата паметна корпа ќе се скрати за 70%.
Производот е пред се наменет за малите и средните компании во Европа, а во Хрватска веќе има интерес за паметната корпа. Ќе почнат со мал број продавници во Загреб, а потоа ќе се шират на други пазари.