Вештачката интелигенција наскоро можеби ќе комуницира со животни

- Advertisement -

Во провокативниот научен есеј неодамна објавен во научното списание двајца невробиолози од Универзитетот Тел Авив, Јоси Јовел и Одед Речави, навлегуваат на полето животинска комуникација базирана на вештачка интелигенција. Станува збор за концепт кој потсетува на славниот Турингов тест.

Наречен „Предизвик д-р Дулитл“ („Doctor Dolittle Challenge”), нивниот предлог предвидува јазичен модел на вештачка интелигенција сличен на ChatGPT, но прилагоден за разговор со животни. Јовел и Речави истакнуваат три клучни препреки кои мора да ги совлада тој јазичен модел за комуникација со животни.

- Advertisement -

Првиот е користење комуникациски знаци својствени на животните, без воведување нови кои животните ќе мора да ги учат. Вториот е примена на тие знаци во различни контексти на однесување, а третиот е поттикнување мерлив одговор кај животните, како да комуницираат со сродници, а не со машини.

Интригантен е примерот за таква комуникација со медоносни пчели, со која пчелите пренесуваат информации за изворите на храна до својата колонија. Научниците успеаја да го реплицираат тоа во роботска пчела и успеаја да ја совладаат првата и третата препрека, меѓутоа таа комуникација останува ограничена на одреден контекст, што исклучува прашања за желбите и емоциите на пчелите.

- Advertisement -

И покрај овој напредок, можноста за сеопфатен разговот со животните поставува големи предизвици, Уникатноста на човечкиот јазик може да создаде непремостива препрека. Германскиот филозоф Лудвиг Витгенштајн вели дека дури и кога лавот би можел да зборува, може да не го разбираме.

Ако тој е во право, никогаш нема да можеме да ја прашаме мачката како се чувствува или да објаниме дека ChatGPT значи CatGPT на француски (и дека тоа може да биде смешно), велат Јовел и Речави. Тие размислуваат за тоа дали дешифрирањето на танцот на пчелите захтева внес на непознати податоци, како што се тактилните и акустичните знаци за квалитетите на изворите.

- Advertisement -

Тие податоци, исто така, треба да бидат собрани и внесени во алгоритам на вештачка интелигенција ако од него се побара да го пробие кодот, но не сме сигурни кои други врсти на податоци треба да се забележат, напоменуваат двајцата израелски научници.

Од друга страна, совладувањето на комуникацијата меѓу приматите може да биде полесна со оглед на тоа дека таа комуникација е најблиска до нашата, но дури и ако собраните податоци може да се реализираа, останува недостижна проверката на разбирањето на комуникацијата со вештачката интелигенција, а често тоа се базиира на невронски снимки.

Бидејќи потенцијалот на вештачката интелигенција во разбирањето на комуникацијата со животните е непроценлив, сепак Јовел и Речави признаваат дека постигнувањето разговори слични на тие што ги води д-р Дулитл со животните може да е недостижно, дури и со експоненцијалниот напредок на вештачката интелигенција.

Авторите ги повикуваат научниците да го прифатат предизвикот „Д-р Дулитл“ и да ја применат вештачката интелигенција за разоткривање на сложената комуникација меѓу животните. Тие на овој проект гледаат како на еден вид научна потрага.

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -