Авион со два трупа наречен Stratolaunch беше тестиран на писта на аеродромот Мохаве во Калифорнија, а притоа директорот на истоимената компанија и соосновач на Microsoft, Пол Ален, објави видео од тестирањето на својот Twitter профил.
„Stratolaunch е изнесен од хангарот на писта на аеродромот Мохаве и успешно ги помина првите тестови“ напиша Ален на Twitter.
На видеото може да се види како огромниот авион со два трупа и шест мотори се движи по пистата постепено забрзувајќи за да полета. Авионот е дизајниран да биде воздушна платформа за лансирање ракети, со кои би се праќале пакети во ниската орбита на Земјата, пишува Index.hr.
Распонот на крилата на авионот изнесува вкупно 117 метри, а тежи 230 тони. Според пресметките, авионот ќе може да носи товар со тежина од 250 тони. Првиот тест-лет се очекува да биде во 2019 година.