Со завршна конференција заокружен проектот за микро и мали претпријатија на USAID

- Advertisement -

Отворање над 375 работни места и обука и развојни бизнис сервиси за над 400 микро компании се дел од придобивките на Проектот на USAID за микро и мали претпријатија, изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на церемонијата со која се означи завршувањето на проектните активности.

Проектот е кофинансиран од страна на Владата на Швајцарија и имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED Македонија.

- Advertisement -

„Со гордост го затвораме овој проект, знаејќи дека тој им помогна на стотина мали претпријатија низ сите краишта на земјата и знаејќи дека овие мали претпријатија ќе продолжат да придонесуваат кон развојот на економијата на земјата“ рече американскиот амбасадор на церемонијата, со која се одбележа завршувањето на шестгодишниот проект.

- Advertisement -

Бејли напомена дека во рамките на проектот на почетокот на 2016 година е основан CEED Hub со цел да им се обезбеди на стартапите поволна клима за развој, а беше овозможено и претставување на CEED пред  Клубот на бизнис ангели.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер, изрази задоволство што CEED ќе продолжи да ги нуди услугите креирани во рамките на проектот и по неговото завршување.

- Advertisement -

„Важно е компаниите во Македонија да имаат пристап до знаење, вмрежување и финансии. Ова ќе им помогне да растат, како што им помогна на голем број компании кои учествуваат во проектот“ напомена таа.

Јован Маџовски, директор на Проектот за мирко и мали претпријатија, изјави дека генерална цел била да се поттикне економскиот раст и креирањето работни места во земјата преку зајакнување на микро компаниите и максимизирање на нивниот придонес во националната економија.

Пред присутните се обратија и за своите достигнувања говореа и две претприемачки, кои ги искористија бенефитите на проектот за развивање на сопствените бизниси, Наталија Бургиева, основач на МаМа Органа и Благица Цветковиќ, сопственик на АДУТ ГВН.

По завршувањњето на настанот околу 200 учесници добија сертификати за успешно завршување на претприемачките програми, спроведени во последната година од проектот. Настанот заврши со мини саем на кој 15-тина учесници ги претставија своите производи.

Проектот, кој почна во јули 2011 година, имаше вредност од 3.079.400 долари, со кои се поддржуваа мирко и малите претпријатија преку обуки, вмрежување и менторство, консултантски услуги, поддршка за извоз, како и пристап до инвестициски фонд.

Проектот беше имплементиран во осум региони на Македонија. Компаниите кои учествуваа во него забележаа вкупен раст од 25,8% на нови работни места и можности за вработување. Преку проектот 22 компании добија инвестиции во вредност од 1.031.000 долари (овој износ вклучува и 82 илјади долари од бизнис ангели и 53 илјади долари од инвестиции на самите сопственици), 389 микро компании добија услуги за бизнис поддршка, 593 учесници добија вкупно 12.026 индивидуални часови обука преку претприемачки програми, а 140 компании воведоа нови бизнис практики во своите организации.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -