Американскиот синџир кафулиња Dunkin’ Donuts направи пиво со вкус на кафе

- Advertisement -

Американскиот синџир кафулиња и продавници за крофни во партнерство со пиварницата Wormtown Brewery од Масачусетс спои два од најомилените пијалаци во светот – кафето и пивото и го направи првото пиво во светот со вкус на кафе. Пивото DDark Roasted Brew е направено од темните печени зрна кафе на Dunkin’ Donuts. Го опишуваат како декадентно пиво со полн вкус на кафе.

Како што пишува Mashable, доколку не можете да појдете во Масачусетс, Dunkin’ Dark Roast ќе можете да го пробате и во кафулињата низ целата земја, но нема планови за понатамошно производство на пивото. DDark Roasted Brew ќе биде достапно одреден временски период почнувајќи од денот на зимската краткодневница, 21 декември.

- Advertisement -

Иако многумина се зачудени од новиот производ, ова не е прв пат Dunkin’ да си поигрува со пијалаците за возрасни. Во октомври синџирот склучи партнерство со Catawba Brewing од Северна Каролина за да го направи првото пиво во светот со вкус на тиква наречено – Dunkin’ Punkin Brown Ale. Како и најновото пиво со вкус на кафе, и пивото со вкус на тиква беше достапно само одреден временски период.

Сподели!
- Advertisement -