WetSleeve: шише за вода кое се лепи околу раката

- Advertisement -

Кога трчате, возите велосипед, планинарите или имате каква било активност надвор, сигурно не сакате да носите шише вода во рака или во ранец, каде што не можете да го дофатите во секое време. Wet Sleeve е мешина за вода која се завиткува околу раката и е лесно достапна во секој момент. Слично е на CamelBak, односно мешина за вода која се носи на грб. За да се напиете вода треба само да ја подигнете раката без да отворате капаче, што значи може да се напиете вода во кој било момент.

Како што пишува OddityMall, Wet Sleeve ергономски се приспособува на раката без да ви попречува во активноста. Можете да го носите на рака и под вода и во која било средина каде што се движите. Wet Sleeve го полните со вода, го виткате и го ставате во ракавот, го закопчувате со патент и можете да почнете да спортувате.

- Advertisement -

Во Wet Sleeve може да наполните до 350 милилитри тешност, а можете да ставите и две шишиња вода на двете раце. Не протекува, може да се наполни со вода или кој било друг спортски пијалак. Има и мали џебови во кои можете да ставите телефон или некој друг предмет што ви треба додека трчате или возите велосипед.

 

Сподели!
- Advertisement -