Оваа камера секогаш ќе ја имате со вас, а се лепи на секаква површина

- Advertisement -

EvoGo Camera е камера која секогаш ќе ја имате со вас, како што вели и слоганот на компанијата која ја произведува “Always with you”. Се прашувате зошто таков слоган? Камерата се складира во маската на вашиот телефон, а бидејќи не се делиме од телефоните, и камерата секогаш ќе биде со вас, а не мора да паметите да ја земете.

Камерата одговара за секаков телефон и можете да ја поставите на буквално секаква површина. Има вграден Wi-Fi, фотографиите и видеата ги складира во маската за телефонот, а може да врши и пренос во живо. Планираната цена на камерата е 149 долари.

Сподели!
- Advertisement -