Што e единственото нешто што најуспешните го прават секој ден?

- Advertisement -

Успешните луѓе ширум светот ја имаат прифатено оваа секојдневна навика како најбрзиот пат до успех и најлесниот начин да се изостри умот

Од светот добиваме онолку колку што сме придонеле. Секој треба да се стреми кон повеќе и кон тоа да придонесе кон зголемување на вредноста на она што го придонесува. Најсилната валута која секој од нас ја има е информацијата. Она што ве прави вредни е способноста да ја интерпретирате и употрувате таа информација.

Авторот и мотивацискиот говорник Брајан Трејси напиша: „Ако читате само по една книга во месецот, тоа ќе ве смести во 1% од луѓето со високи примања во општеството. На ако читате пак една книга во неделата, 50 книги во годината, тоа ќе ве смести помеѓу наједуцираните, најпаметните, најспособните и највисоко платените луѓе во вашето поле. Редовното читање целосно ви го трансформира животот.“

- Advertisement -

Ако сакате да станете поуспешни во секој дел од вашиот живот, потребно е редовно да читате, редовно да учите. Не е случајност тоа што најуспешните луѓе во секоја индустрија се добро начитани – да се биде лидер значи да се има знаење во колку што е можно повеќе области. Одвојувањето време секој ден за читање не е само практика која придонесува кон дисциплина, туку и практика која ќе ве направи подобра верзија од себе.

Оптимално би било да се чита по два часа секој ден. Можеби ви звучи дека е многу, но доколку го распределете на неколку дела, тогаш ќе сфатите дека можеби не е ни доволно. Ако сакате да бидете најдобри, а не постои причина зошто не би го сакале тоа, треба да се стремите кон целта да читате по 50 книги годишно.

- Advertisement -

Што е клучно? Не се работи само за книгите кои ги читате; самата навика да се држите до овој план е важна состојка за успех.

Просечниот возрасен човек чита по 30-40 страници на час. Просечната книга (според Амазон) е околу 64.000 збора или околу 300 страници за која се потребни 10 часа за да се прочита.

- Advertisement -

Секако, некои книги се подолги, некои пократки, а и тематиката варира од книга до книга. Но доколку се држите до навиката да читате по два часа секој ден, тогаш не би требало да ви биде проблем. Секоја книга нуди шанса да се научи нешто ново. Google вели дека во светот постојат околу 130 милиони книги, па доколку читате со ова темпо, за триесет години би требало да прочитате 1560 книги. Тоа не е голем број на книги, зар не?

Од кога бројот илјада има толку големо влијание? Илјада војници никогаш не направиле голема разлика во големите битки во историјата. Илјада евра не се многу кога се споредуваат богатства. Но илјада книги, во рок од триесет години, имаат потенцијал целосно да ви ја променат кариерата.

Време е да почнете да читате!

Сподели!
- Advertisement -