BEAM е паметен беџ на кој можете да прикажувате уникатни пораки

- Advertisement -

Хистеријата околу новогодишните и божиќните празници го достигнува својот врв. Ако спаѓате во категоријата луѓе кои не можат да ги поминат празниците без да учествуваат во шопинг парадите овој период, a притоа има драги луѓе на кои сакате да им подарите нешто, можеби ќе ви се допадне овој подарок.

Денес повеќе не сме опкружени со генерации млади кои на своите јакни или маички обожаваат да носат беџови, но тоа не значи дека ситуацијата нема да се промени. Всушност, сведоци сме дека рето стилот се враќа во многу форми.

- Advertisement -

BEAM паметен беџ кој може да се носи на јакна, маичка, капут и притоа никогаш да не изгледа исто. BEAM има своја апликација достапна за iOS и за Android, а таа апликација му овозможува постојано да го менува својот изглед, односно она што го прикажува или го порачува.

Можете да креирате персонализирани пораки или да изберете некоја од понудените во галеријата, а интересно е дека на малиот AMOLED екран може да се репродуцираат и гифови. Екрано е со димензии од 400×400 пиксели, батеријата му трае еден ден, а може да ви помогне и доколку се најдете во опасна ситуација затоа што има копче за паника. Доколку го држите притиснао 10 секунди, испраќа дефинирани пораки на четири броеви од телефонот кои сами ќе ги изберете како контакти во таков случај.

- Advertisement -

Паметниот беџ BEAM не е евтин – ќе ве чини 99 американски долари, а ако ве интересира, можете да го набавите тука.

Сподели!
- Advertisement -