- Advertisement -
Ниските цени во однос на остатокот од Европа, можноста за заработка од изнајмување на туристите, како и програмата за добивање државјанство кое им овозможува слободно движење низ Европска унија, резултираа со голем интерес од руските и кинеските купувачи за недвижностите во Грција.
Како што пишува Bloomberg, интересот на кинеските купувачи во третото тримесечје се зголемил за 159% на годишно ниво. Аналитичарите велат дека главната причина за интересот е можноста да се добие државјанство.
- Advertisement -
Имено, Грција од 2013 година наваму доделила 2053 вакви дозволи, а 43% биле на кинески инвеститори. Руските купувачи се на второ место со 19%. Просечната цена на квадратот во Грција е 2.846 евра.
- Advertisement -