Благодарение на технологијата, претприемачите веќе не мора да бараат место за својата стартап идеја меѓу компаниите во Силиконската долина за да го привлечат вниманието на инвеститорите, пишува Entrepreneuer
Кога станува збор за трендовите кои се очекуваат во 2018 година, претприемачите треба да бидат подготвени за поместувања, особено кога се работи за финансирањето.
Иако многу претприемачи, доколку имаат добра идеја, релативно брзо ќе најдат инвеститор или фонд за започнување бизнис, конкуренцијата никогаш не била толку посилна. Пред само неколку години Силиконската долина им нудеше предност на стартапите кои започнуваа таму, овозможувајќи им инстантен пристап на најразвиената технолошка заедница во светот.
Но, екосистемот се менува, а децентрализацијата на знаењето, капиталот и мрежата која им овозможува на претприемачите да ги привлечат најдобрите инвеститори без разлика каде се лоцирани. Токму ова е најголемото поместување кое се очекува да биде уште поинтензивно во 2018 година, со што оваа промена ќе стане трајна состојба.
Дел од ова е поврзано со технологијата. Денес девојче од 10 години во Кенија има подобра библиотека во својот џеб отколку што некој студент имал пред неколку децении за време на своите докторски студии на Харвард. Со растот на онлајн платформите за групно финансирање и глобалните акцелераторски програми основачите од секаде можат да се поврзат со инвеститорите, корпорациите и останати претприемачи кои можат да им помогнат со ресурси, менторство и инвестици.
Технологијата ја имаме веќе неколку години, но инвеститорите се тие кои ја променија перспективата. Тие увидоа дека стартапите можат да се развиваат од секаде и подготвени се да откријат можности кои нема по правило да им бидат во близина.
Претприемачите кои сакаат да го искористат ова поместување треба прво да се активираат онлајн и надвор од своите локални средини. Денес најголем дел од контактите меѓу претприемачи и инвеститори се можни дури и ако тие се на две различни страни на светот.