Ова се трите професии кои роботите нема да можат да ги заменат

- Advertisement -

Сите професии или барем поголемиот дел со кои денес луѓето се занимаваат во иднина ќе можат да ги извршуваат роботи, меѓутоа некои занимања секогаш ќе им се однесуваат само на луѓето. Станува збор за професиите електричар, медицинска сестра и водоинсталатер, тврди експерт за вештачка интелигенција.

Американскиот автор Мартин Форд, кој неодамна објави книга за роботи која стана бестселер, тврди дека луѓето навистина нема да можат да се натпреваруваат со роботите за одредени професии.

- Advertisement -

„Појавата и развојот на роботите е извонредно нешто бидејќи луѓето повеќе нема да мораат да ги извршуваат досадните работни позиции како оние рутинските“ вели Том Вотсон, лидер на британските лабуристи.

Меѓутоа, Форд во својата книга „Издигнување на роботите“ предупредува дека луѓето ќе бидат премногу одушевени од револуцијата која ја предизвикува вештачката интелигенција и фактот дека на нивните работи ќе можат да ги заменат роботи.

- Advertisement -

Единственото подрачје каде што луѓето можат да бидат сигурни дека нема да бидат заменети од роботи се професиите кои бараат стручност, координација на очите и рацете и флексибилност. Тоа се стручни професии како водоинсталатерство и електричарство. Исто така, тој трди дека и медицинските сестри немаат потреба од страв бидејќи таа професија бара емпатија и нега, а во догледно време роботите нема да можат да ги заменат луѓето и во креативните професии.

„Изгледа дека се подоготвуваме за свет во кој наместо човечката работа, секој аспект од општествениот и економскиот живот ќе биде обликуван од вештачка интелигенција, алгоритми и автоматизација. Звучи застрашувачки, но воопшто не мора да е така. Препуштете им на машините од 21 век да ги извршуваат репетитивните професии за да можете да имате повеќе слободно време кое ќе ви донесе поголема економска корист“, пишува Daily Mail.

Сподели!
- Advertisement -