Палау е првата земја во светот која од туристите бара да положат еколошка заклетва

- Advertisement -

Туризмот цвета во целиот свет, се јавува загриженост во многу, посебно во мали, држави колку бројот на туристи може да и наштети на еколошката рамнотежа. Една мала држава, всупност 13-тата најмала во светот, се досети како да му излезе во пресрет на тој проблем.

Палау има 20.000 жители, а годишно ја псоетуваат повеќе од 160.000 туристи. Тој број веќе остава последици врз околината, па локалната власт одлучи да воведе законска регулатива за да се стави крај на тоа. Секој турист што ќе дојде во Палау во пасошот ќе добие заклетва која ќе мора да ја потпише пред да му се одобри влез во земјата. 

- Advertisement -

 

Во заклетвата пишува: „Деца од Палау, ви се колнам како ваш гостин дека ќе го чувам и ќе го штитам вашиот преубав и уникатен островски дом. Се колнам дека со него ќе се однесувам убаво и совесно ќе го истражувам. Нема да земам ништо што не ми треба. Нема да наштетам на тоа што не ми наштетува мене. Единствените отпечатоци што ќе ги оставам ќе ги измие дождот“ пренесува MNEmagazin.

- Advertisement -

Палау е првата земја во светот која воведува ваква заклетва во законот. Заклетвата се темели на долгогодишното настојување да се стопира претераното уништување на природата и искористувањето ан природните ресурси. Жителите се надеваат дека со оваа заклетва посетителите на островот ќе сфатат дека играат клучна улога во неговото зачувување затоа што најголем дел од нив не се свесни за штетата што ја прават. 

Иако иницијативата, пред се, е покрената за да се намали штетата врз околината поради преголемиот број туристи, заклетвата ја положија и жителите. Децата во училиштата ќе почнат да учат за екологијата и зачувувањето на животната средина, а и на возрасните ќе им биде овозможено да посетуваат посебни програми за учење на одговорно однесување кон околината.

- Advertisement -

Дека власта ни малку не се шегува со оваа заклетва доказ се и казните кои ќе ги платат туристите доколку не ја почитуваат –  а износот е до милион долари. Палау е архипелаг со околу 200 природни вулкански и варовнички острови во Тихиот Океан, меѓу Јапонија и Австралија. Островите се богати со плажи и шуми кои ги мамат туристите.

Сподели!
- Advertisement -