Кои се технолошките трендови за 2018 година?

- Advertisement -

Деновиве, Ericsson ConsumerLab го претстави седмото издание на својот годишен извештај за потрошувачките трендови кои ќе доминираат следната година. Листата опфаќа десет најдоминантни трендови. Извештајот предвидува дека дигиталната технологија ќе биде повеќе контролирана на начин близок до луѓето.

„Влегуваме во време во кое уредите нема да имаат копчиња и нема да биде потребно да ги контролирате дигитално преку вашиот паметен телефон. Уредите ќе бидат тие кои ќе ги препознаваат луѓето. За ова да стане реалност уредите ќе мора да имаат способност да праќаат сложени податоци за интеракција со луѓето до облак, каде што ќе се процесираат и интуитивно ќе одговараат во рок од неколку милисекунди. Ова ги зголемува барањата за следната генерација на поврзани уреди“ објаснува Мајкл Бјорн, одговорен за истражувањето.

- Advertisement -

Извештајот е изработен врз база на податоци добиени од онлајн анкети спроведени меѓу напредни интернет корисници од 10 влијателни големи градови во светот. Еве кои ќе бидат главните потрошувачки трендови во 2018 година, но и понатаму.

  1. Вашето тело е учесник во управувањето со уредите – Повеќе од половина од корисниците на мобилни уреди користат гласовни асистенти и веруваат дека поактивно ќе се користат гестови за интеракција со технологијата. Две третини од овие луѓе сметаат дека ова ќе се случи во следниве три години.
  2. Проширено слушање – 63% од корисниците сакаат слушалки кои ќе преведуваат јазици во реално време. 52% од нив сака да користи слушалки за блокирање на надворешни звуци.
  3. Вечни почетници – 30% велат дека новите технологии им го отежнуваат одржувањето на вештините во склад со најновите достигнувања. Но истовремено, 46% од корисниците велат дека Интернетот им овозможува да учат, но и да забораваат побргу од кога било досега.
  4. Објави на социјални мрежи – Социјалните мрежи засега се заситени со традиционални објави со еднострани пораки, но половина од корисниците сметаат дека вештачката интелигенција ќе биде корисна за проверка на веродостојноста на објавите на социјалните мрежи.
  5. Интелигентни огласи – Огласувањето би можело да стане и премногу паметно. Повеќе од половина од корисниците сметаат дека со виртуелна и проширена реалност огласите ќе станат толку реалистични што на крај ќе ги заменат производите.
  6. Комуникација која создава страв – Половина од корисниците мислат дека би ги преплашило доколку не можат да разликуваат човек од машина. 40% исто така би се исплашиле доколку паметниот телефон реагира на нивното расположение.
  7. Работа и слободно време – 32% од студентите и вработените не сметаат дека работата им е потребна за смисла во животот. 40% од испитаниците би сакале роботи кои работат и заработуваат за нив и кои им овозможуваат слободно време.
  8. Фотографија која станува соба – Замислете да можете да „прошетате“ низ фотографија и да оживеете некое сеќавање. 3 од 4 испитаници веруваат дека во рок од пет години виртуелната реалност ќе се користи за прошетки низ фотографии кои ги снимилие со својот паметен телефон.
  9. Улици во воздухот – Градските улици стануваат загушени со сообраќај, но небото е слободно. 39% од испитаниците мислат дека нивниот град треба да има сообраќаен систем наменет за дронови и летечки возила, но исто толку испитаници се загрижени дека дрон би можел да им падне врз глава.
  10. Наполнета иднина – Поврзанот свет ќе бара мобилна сила. Повеќе од 80% од испитаниците мислат дека во наредните пет години ќе имаме многу подолготрајни батерии и дека нема повеќе да се грижиме за полнење.
Сподели!
- Advertisement -