Во Скопје од утре бесплатен јавен превоз поради загадувањето

- Advertisement -

Град Скопје од утре воведува бесплатен автобуски превоз за сите граѓани поради високото аерозагадување, пишува Радио МОФ. Бесплатниот јавен превоз ќе биде обезбеден се до нормализирање на состојбата со загадениот воздух, а е дел од краткорочните мерки изгласани неодамна од Советот во услови кога ќе се надмине прагот на загадување.

Прагот на загадување е надминат на две мерни места во Скопје, во Ректорат и во Лисиче, каде што беа измерени вредности од 200 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена.

- Advertisement -

Во краткорочните мерки против загадувањето на воздухот во зима во главниот град спаѓа и забраната за возила на Водно за викенди и празници и најавата за еколошко мапирање на возилата.

Во моментов мерната станица во Лисиче бележи загадување од 223 микрограми на метар кубен ПМ10 честици, додека на Ректорат е 229. Надминување на дозволените вредности за аерозагадувањето има и во останатите делови на Скопје каде што се поставени мерни станици.

Сподели!
- Advertisement -