Како круна на успешното работење на градежната копанија Адора инженеринг во Скопје официјално беше отворен уникатен станбено-деловен коплекс Адора Flatiron. Во присуство на голем број станари и гости објектот го пуштија во употреба генералниот директор на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, вицепремиерот на Владата, Кочо Анѓушев и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
На свеченоста беше и извлекувањето на автомобилот Mazda CX-3 за еден од купувачите на станови во зградата и беше доделен на Ивана Митровска и Даниел Велиновски. Свеченоста ја водеше Сашко Коцев, а на крајот настапија и Тамара Тодевска и Панчо од ДНК.
Идејата е инспирирана од универзалното светско културно наследство, култната њујоршка икона Fuller-Flatiron, за да се изгради наш современ македонски урбан симбол во Скопје, усовршен до ниво на перфекција кој ја редефинира сликата и остава силен печат на метрополата во 21 век. Македонскиот Flatiron, кој се наоѓа во урбаното јадро на Скопје, на само 900 метри или 7 минути пеш од плоштад Македонија, на границата меѓу општините Центар и Кисела Вода, во близина на сите значајни институции, драстично ги подига стандардите за квалитетна градба.
Објектот нуди уникатност во стилот, иновативноста, елеганцијата, врвниот дизајн, внатрешното уредување, вградените бренд материјали, револуционерните решенија, заштитата од еко и звучно загадување и многу други аспекти што го збогатуваат концептот и ги издигнуваат стандардите на домување на повисоко, европско ниво, сега достапно за граѓаните на Македонија.
Маркантната зграда Адора Flatiron во месноста Стара Рампа во централна урбана зона на Скопје е со висина од 25 метри, има 16 ката, мезанин и приземје, три влеза, 7 експресни лифтови и роспоред по 6 станови на кат во влез, што нуди хумано домување со загарантирана приватност за станарите. Објектот се состои од станбен дел со вкупната површина од 19.400м2, во којшто има 234 модерни домови и 45 луксузни пентхаус станови, ексклузивен деловно-трговски центар со вкупна површина од 3.100м2 со 29 деловни простории и 394 паркиралишта на три подземни нивоа. Адора Flatiron Скопје е инвестиција од над 20 милиони евра, што е најголем поединечен инвестициски проект во високоградбата во Македонија во 2015 година, со економски обрт од преку 40 милиони во двете насоки.
Комплексот Адора Flatiron има ексклузивно дизајниран ентериер. Во централниот дел е атриумот со стаклен покрив и сино небо, како извор на изобилство на природната светлина и свеж воздух.Влезното фоаје е со внимателно осмислен декор и автентнични детали. Објектот во урбаното срце на Скопје нуди интимност во домувањето и прекрасен панорамски поглед кон сите страни на Скопје. Меѓу спецификите на комплексот е 24-часовната домарска служба, сопственото паркиралиште за велосипеди, противпожарен спринклер систем и опременето надворешно партерно уредување за одмор и уживање на станарите и гостите.
Објектот Aдора Flatiron Скопје, чиј камен-темелник е поставен на 31 јули 2015 година, се изгради во рекордно брз рок од само 2 години, во што учествуваа околу 400 градежни работници, искусни мајстори и неимари, потврдени високостручни кадари, подизведувачи, кооперанти и добавувачи. Комплексот кој во Скопје донесе врвен урбан ранг на домување и бизнис е добитник на интернационалната награда The Bizz 2016 во Монте Карло за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето.
Погледнете го и видеото од официјалното отварање.