Фондот за иновации ја продолжи постапката за селекција на проекти од четвртиот повик

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој го објавува продолжувањето на постапката за разгледување и селекција на предселектираните предлог проекти на четвртиот  јавен повик за финансирање под инструментите „Кофинансирани грантови за стартап и спин-оф“ и „Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација и иновации“.

Во рамки на четвртиот повик, во фазата на селекција влезени се 32 проектни предлози. Вкупен износ на средства што се побарани од компаниите апликанти што влегуваат во фаза на селекција изнесува 1,7 милиони евра односно 20% над вкупниот буџет на повикот.

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој подготви целосно досие на предселектираните проектни предлози и истото е веќе доставено до Комитетот за разгледување и селекција.

Согласно решението на Владата за именување на нови членови на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој од 28.11.2017 година, тој е составен од: Кларис Бехар Молад за член со мандат од 3 години, Дон Левис за член со мандат од 3 години, Никос Георгоулас за член со мандат од 3 години, Глигор Ташковиќ за член со мандат од 2 години и  Ави Сахи за член со мандат од 2 години, а под претседателство на Кларис Бехар Молад.

- Advertisement -

Во втората половина на јануари 2018 година на претселектираните проекти ќе им биде овозможена јавна презентација пред членовите на новиот комитет, по што треба да биде донесена крајна одлука кои предлог проекти ќе бидат корисници на средствата од четвртиот повик.

Сподели!
- Advertisement -