Шкотска ќе почне да дели универзален месечен приход во неколку градови

- Advertisement -

Избрани жители на Глазгов, Единбург, Фајф и Северен Еаршир ќе почнат да добиваат основен месечен приход како дел од експериментот на владата за универзален месечен приход. Универзалниот месечен приход вклучува давање безусловен приход секој месец за да се осигури дека секој ќе ги почувствува бенефитите од основниот стандард на живот. Универзалниот месечен приход моментално се тестира во Шкотска, Канада и во Финска. Избраните градови мора да ги поднесат своите планови за имплементација на програмата за основен месечен приход до март 2018 година.

Залагачите за оваа идеја тврдат дека ќе биде неопходно да се имплементира универзалниот месечен приход во некоја форма со цел да се компензираат економските турбуленции и потенцијалното губење работни места поради автоматизацијата и вештачката интелигенција. Иако идејата уште е контроверзна, некои градови и земји во светот ја сфаќаат сериозно.

- Advertisement -

„Можеби ќе се покаже дека ова не е одговор на проблемите, можеби ќе се покаже дека не е изводливо, но поради забрзаната промена на работните задачи навистина е битно да се подготвиме и со отворен ум да размислуваме за различните начини на кои можеме да ги поддржиме луѓето целосно да се вклучат во новата економија“ порача премиерот на Шкотска, Никола Стерџин, пренесува Inhabitat.

Шкотска не е единствената земја која смета дека универзалниот месечен приход е изводлив. Калифорнија, Холандија, Онтарио, Индија, Италија и Уганда исто така презедоа мерки во 2017 година за да можат да имплементираат систем за универзален месечн приход, Во Калифорнија идејата ја поддржуваат компании како најголемиот стартап акцелератор во Силиконската Долина, Y Combinator. „Во еден свет каде што технологијата ги елиминира работните места се намалува трошокот за удобен живот, но без нешто како основниот месечен приход не моќе сите да имаат еднакви можности“ вели Сем Алтман, претседател на Y Combinator.

Сподели!
- Advertisement -