Tesla лансира електричен пикап

- Advertisement -

По претставувањето на Tesla Semi и Roadster-от од втора генерација оваа есен, Елон Маск најавува уште еден комплетно електрифициран модел. Се работи за пикап верзија која ќе ја комплетира понудата на возила на Tesla.

Првиот човек на компанијата се обврза дека ќе почне да работи на развој на овој проект, штом биде комплетиран Model Y. Тој со своите следачи на Twitter сподели дека идејата е стара 5 години и дека освновниот дизајн и клучните елементи веќе ги има замислено. Што се однесува до димензиите, Маск отрки дека новиот пикап би можел да се спореди со популарниот Ford F-150.

Според плановите на Tesla, компактниот кросовер Model Y ќе биде изграден на платформата на Model 3 и двете електрични возила ќе имаат доста заеднички компоненти. Тоа ќе го скрати сериозно рокот од развојот до промоцијата на пазарот на кросоверот, претпоставувајки дека продажбата ќе почне кон крајот на 2019 или почетокот на 2020 година. Во пакет со него, како навестува Маск ќе се развива и пикап верзијата.

Сподели!
- Advertisement -