Првата хрватска биткоин берза во Сплит има дневен промет од стотина илјади долари

- Advertisement -

Одредени аналитичари претпоставуваат дека биткоин во иднина уште повеќе ќе се популаризира и развие со што ќе растат и дигиталните трансакции. Како што Интернетот го промени светот и биткоинот покажува дека можеби го има истиот потенцијал.

Во ова веруваат и Томислав Вајиќ и Шимон Бакиќ, основачите на првата хрватска биткоин берза наречена BitKonan со седиште во Сплит.

- Advertisement -

Моменталната вредност на биткоин, првата и најуспешната криптовалута досега, е над 15.000 долари и постојано варира. Како што пишува весникот Slobodna Dalmacija, Вајиќ и Бакиќ најпрвин купиле биткоини за 14 центи, но бргу ги продале уште пред да достигнат до 30 долари. Потоа се што имале инвестирале во создавањето на берзата.

Берзата прво почнала со работа во 2013 година, а денес има регистрирани 15 илјади корисници. Најголемиот дел се корисници од Хрватска, но има и доста странци. Се проценува дека во Хрватска постојат околу 25.000 корисници на биткоин. Интересот постојано се зголемува бидејќи расте и вредноста на биткоин, а едното зависи од другото.

- Advertisement -

Колку што се зголемува бројот на оние кои се подготвени да вложат се зголемува и вредноста на криптовалутата, која започна да го освојува светот во 2009 година, кога првиот софтвер беше создаден од засега непознатиот творец на биткоин, Сатоши Накамото.

Томислав Вајиќ неколку години тргувал со биткоин на светски берзи, во 2011 година започнал да „ископува“ биткоин, за веќе во 2012 година да почне да ја разгледува опцијата за отворање на биткоин берза со своите пријатели. Серверите на нивната веб страница се во Холандија и САД, а канцелариите во Сплит.

- Advertisement -

„Прво мора добро да се информирате кога започнувате нешто вакво, па подоцна да се регистрирате на берза. Корисниците на BitKonan директно извршуваат меѓусебни трансакции, а предноста кај нас е тоа што многу едноставно може да се уплатат пари преку жиро сметка, да се претворат во долари и да се започне купувањето“ објаснуваат Вајиќ и Бакиќ, додавајќи дека дневниот промет на нивната берза е околу сто илјади долари. Ова не е малку за Хрватите, од кои само во последните два месеци две илјади нови корисници се регистрирале на берзата.

За светски размери овој биланс е симболичен бидејќи само на една светска берза дневниот промет е скоро 670 милиони долари, а месечно околу 10 милијарди долари. Креаторите на хрватската биткоин берза проценуваат дека околу 15 илјади Хрвати активно тргуваат со криптовалути, а околу 70 илјади поседуваат некоја криптовалута.

„Зошто расте цената на биткоин? Тоа го одредува исклучиво пазарот. Бројот на биткоини е ограничен на 21 милиони и за шест години веќе нема да го има. Колку што е повеќе во употреба, толку помалку го има и му се зголемува цената“ вели Вајиќ. Според неговото мислење, криптовалутите се универзалната валута на иднината и иако денес уште никој не може да каже како тоа ќе се случи, но традиционалните пари на кои сме навикнати ќе станат дел од историјата. Додаваат дека се очекува растот на биткоин да застане, но на кое ниво, никој не може да каже со сигурност.

Сподели!
- Advertisement -