Јапонец направи стакло кое само се обновува ако се скрши

- Advertisement -

Јапонски научник случајно откри нов тип на стакло кое само може да се поправи едноставно така што скршените делови ќе се притиснат заедно, но треба да почекаме додека иновацијата се наметне во индустријата.

Ју Јанагисава, научник од Универзитетот ан Токио, вели дека новиот материјал го открил случајно додека прочучувал лепаци способни да делуваат на влажни површини. Во лабораториски експеримент 33-годишниот Јанагисава на половина скршил парче стакло, а потоа ги притиснал двата дела еден до друг и во рок од 30 секунди на собна температура се случува чудо – стаклото повторно е цело.

- Advertisement -

Како што пишува Klix.ba, тоа е органско стакло слично на акрилно стакло, а се прави од комбинација од полимер, полиетер и тиокарбамид, чија хидрогена поврзаност на стаклото му ја дава способноста за самоообновување. Други научниви имаат покажано слични својства со каучук или гел, но јапонскиот научним е првиот кој до откритието дошол со еден тип стакло. Иновацијата би можела да го продолжи векот на траење на стаклените предмети како шофершајбните или градежните материјали.

Сподели!
- Advertisement -