Оваа апликација препознава зошто плаче вашето бебе

- Advertisement -

Една невропсихијатарка направи апликација со помош на која може да се идентификува зошто плаче вашето бебе. Секој пат кога ќе заплаче бебето, родителите најчесто нагаѓаат која е причината – дали е гладно, дали се помочало, дали го боли нешто, дали му расте заб… Но, можеби дојде крајот на таа мачна неизвесност.

Имено, невропсихијатарката Аријана Андерсон од Калифорнија, и сама мајка на четири деца, осмисли апликација за телефон која го анализира плачот на бебињата, пишува N1info. „Кога го родив третото дете, сфатив дека нејзиниот плач е сличен на претходните две и можев да препознаам што и треба врз основа на тоа како звучи нејзиниот плач“ вели докторката.

- Advertisement -

Апликацијата Chatter Baby е едноставна за употреба. Телефонот го држите блиску до бебето за да го „слушне“ плачот и да понуди решение. Засега програмата нуди само три причини – глад, нервоза или болка – но програмерите наведуваат дека крајната цел е апликацијата да научи да препознава повеќе емоции.

„Научете ја Chatter Baby што сака вашето бебе. Можете да одите по листата и да означите некои од причините зошто плаче – подуено меше, раздвоеност од родителите, досада, болка“ објаснува Андерсон.

- Advertisement -

Апликацијата е многу корисна за луѓе со оштетен слух. Андерсон тврди дека структурата на плачот се разликува од земја до земја. Нареден чекор е да се направи доволно голема база на податоци за плачот за родителите од целиот свет да можат да ја користат.

Сподели!
- Advertisement -