Најдобро дизајнираните производи за 2017 година

- Advertisement -

Добриот дизајн на производот може да го редефинира начинот на кој стапуваме во интеракција со светот. Тоа може да значи нов поефикасен начин на готвење вечера, на пример, или менување на начинот на кој родителите комуницираат со болното дете. Во тој дух, Здружението на индустриски дизајнери на Америка избра 77 финалисит за Интернационалната награда за одличен дизајн годинава. Награди добија дизајнери и концепти кои се истакнаа во 2017 година. „5 од финалистите добија златни, а останатите 52 сребрени признанија. Business Insider претставува некои од најдобрите дизајни од целиот свет.

ЗЛАТО: VECTRA WB360 3D Whole Body Imaging System е првата машина која е способна да направи фотографија на човечкото тело од 360 степени. Има 92 камери кои го фотографираат целото тело и кожата. Фотографиите им помагаат на хирурзите и на дерматозолите.

- Advertisement -

СРЕБРО: Real Rain користи иста количина вода како традиционален туш, но имитира вистински дожд со ситни капки и нерегуларен простор меѓу млазовите.

ЗЛАТО:Q-Collar им помага на спортистите склони кон повреди на мозокот како фудбалерите да го минимизираат ризикот. Алката нежно се стега околу вратот за да ја намали веројатноста мозокот да се удри од черепот.

- Advertisement -

СРЕБРО: Polaroid Snap Touch камерите се мешавина од оригиналниот ретро изглед и модерен дигитален дизајн.

ЗЛАТО: Surface Studio на Мicrosoft е првиот десктоп компјутер на компанијата. Дизајниран е за креативци како дизајнери и архитекти за максимална контрола врз проектите.

- Advertisement -

СРЕБРО: Microsoft HoloLens е првиот холографски уред кој може да се контролира од секој компјутер. Користи проектирани слики за корисникот да го внесе во засилената реалност.

СРЕБРО: Tupperware’s MicroPro Grill им овозможува на корисниците да печат и да динстаат храна директно во микробрановата печка. Технологијата за загревање во скарата ги претвора миркобрановите печки во директна топлина.

СРЕБРО: InnoSpire Go е електронски уред кој на корисниците од сите возрасти им овозможува да примат лекарства во форма на пареа. Третманите се кратки, околу 4 минути, а батеријата издржува 30 циклуси на употреба.

ЗЛАТО: Google Home е персонален асистент кој е директен конкурент на Amazon Echo.

GOLD: Samsung FlexWash и FlexDry се машина за перење односно сушење на алишта која пере односно суши повеќе типови алишта одеднаш така што има прегради.

СРЕБРО: Чашата Ember на корисниците им овозможува целосна контрола над температурата на пијалакот.

СРЕБРО: Google Chromebook Plus Pro е таблет елегантен дизајн кој на корисниците им ги задоволува сите преференции за изгледот. Од страната има пенкало.

СРЕБРО: Целта е да ги приближи родителите до децата кои се хоспитализирани. Blink испраќа обоени сигнало преку 3G мрежа од една сфера до друга. Така родителите можат да им ја испратат својата љубов на децата.

СРЕБРО: Automist Smartscan е паметен систем за гасење пожари кој користи 90% помалку вода. Уредот детектира покачување на температура, ја скенира собата за изворот на топлина и испушта вода во форма на пареа без да оштети ништо.

СРЕБРО: ASISTM е систем за постари луе кои живеат во старечки домови кој им помага да живеат побезбедно. Содржи сензори поставени во килим кои ги следат виталните знаци кај луѓето врз основа на тежината и балансот.

СРЕБРО: LG Airport Cleaning Robot е робот кој ги чисти подовите на терминалите. Роботот се контролира далечински со апликација.

СРЕБРО: Луѓето кои страдаат од аутизам имаат нарушување во говорот, слухот и видот. An Empathy Bridge for Autism со помош на Google Cardboard им дава шанса на луѓето кои се нормални да видат како е да се живее со аутизам.

ЗЛАТО: Unit Helmet System е шлем кој има повеќекратна примена. Има визор, ламба и заштита на ушите од гласни звуци.

СРЕБРО: Tascent InSight One е систем кој аеродромите можат да го користат за да ги скенираат очите на патниците. Концептот се базира на податоците внесени во облак и системот одобрува или забранува поминување.

SILVER: Samsung Q9500 е клима-уред кој се поставува на под и постојано го менува правецот на дување додека ја одржува температурата на идеално ниво.

SILVER: PlayPallets се преносни сетови од палети кои лесно се претвораат во кошови или мрежи за фудбал за децата од бегалските кампови.

Сподели!
- Advertisement -