Било да сте претприемач или лидер, вашиот успех во 2018 година многу ќе зависи од вашите вештини како комуникатор. Овие пет книги ќе ве стават далеку пред конкуренцијата.
1. Captivate: The Science of Succeeding with People – Ванеса Вен Едвардс
Луѓето во првите неколку секунди по запознавањето одлучуваат дали им се допаѓате или не. Тоа е теоријата на Captivate. Вен Едвардс, бихејвиорален истражувач, вели дека моќта на силниот прв впечаток не е во тоа што го кажуваме туку во начинот на кој го кажуваме. Вен има три чекори кои ги препорачува за првиот впечаток што ќе го оставите да биде незаборавен: 1) Користете ги рацете 2) Изгледајте како победник така што ќе заземете што поголем простор на сцена или во физичкиот простор и 3) Одржувајте контакт со очи.
2). If I Understood You, Would I Have This Look On Face? – Ален Алда
Ален Алда е секумкратен добитник на „ЕМИ“ награди за својата улога во класична телевизија, но има длабки познавања од науката. Тој беше домаќин на PBS серии и визитинг професор на Центарот за комуникациски науки Ален Алда на Универзитетот Стоун Брук. Тој вели дека во отсуство на ефективна комуникација многу научни идеи остануваат без финансии за развој. Неговиот совет за подобра комуникација е да се научи вештината комуницирање. Само слушањето на добрите комуникатори не е доволно, треба обука за да се научи. Тоа е исто како да слушате добри пијанисти и да мислите дека сте научиле да свирите на пијано.
3). How to Think: A Survival Guide For A World at Odds – Ален Џејкобс
Делумно инспирацијата за книгата е од нобеловецот Дениел Канеман, економист кој во текот на својата кариера изучуваше работите кои го попречуваат начето мислење. Главната поента на Џејкобс е дека релативно малку луѓе сакаат да размислуваат затоа што мислењето е тешко, одзема многу мозочна енергија и не прави да се чувствуваме неудобно. Полесно е да правиме како што прават сите. Според Џејкобс, кој е професор по хуманистички науки, ние сме социјални суштества. Тоа значи дека во своите дигитални и физчки животи се опкружуваме со луѓе кои се како нас. А бидејќи социјалните врски имаат силно влијание врз нашите животи, ги прифаќаме начинот на изразување, приказните, митовите и метафорите од групите. Лидерите, по дефиниција, не треба да прават како што прават другите. Тие мора да се мудри, подобри мислители и способни да гледаат на проблемите од повеќе аспекти. Еден совет на Џејкобс е да ги најдете луѓето кои се најмудри според вас и со чие мислење воопшто не се сложувате. Слушајте ги и размислете за се што ќе кажат.
4). Popular: The Power of Likability in a Status-Obsessed World – Мич Принстајн
Популарноста им била битна на нашите предци пред илјадници години, а битна е и денес. Според д-р Мич Принстајн, директор на клиничка психологија на Универзитетот на Северна Каролина Чепел Хил, популарноста влијае на нашите кариери, на нашиот успех во оставрувањето на целите, на личните и професионалните односи и на крај, на нашата среќа. Принстајн верува дека секој, без разлика дали е интровертен или екстровертен, може да научи како да им се допадне на другите. Една од тајните кои ги открива е дека треба да бидете заинтересирани за другите луѓе. Прашувајте прашања. Луѓето ќе сакаат да разговараат со вас доколку изгледате заинтересирано за нив.
5). The Influential Mind: What the Brain Reveals About our Power to Change Others – Тели Шерот
Според д-р Тели Шерот, професор по конгитивна неуронаука, сите сме способни да ја смениме емотивната состојба на друга личност и во многу случати можеме да го смениме дури и нивното мислење. Податоците не можат да помогнат премногу. Емоциите се тие кои ќе ви покажат како да натерате некого да се возбуди за некоја идеја. Колегите, семејството, пријателите, па дури и тотални странци многу брзо можат да забележат промени во вашата емотивна состојба преку изразите на лицето, тонот на гласот, држењето на телото и начинот на изразување. Шерот советува да бидеме повеќе свесни за сопствената емотивна состојба кога ги комуницираме нашите идеи. На пример, доколку сакате да испратите некоја порака до што повеќе луѓе, направете го тоа кога сте убаво расположени затоа што луѓето така повеќе ќе сакаат да ве слушаат.