Десет најдобри дестинации за жените кои патуваат сами

- Advertisement -

Европа е полна со земји кои ги кријат некои од најдобрите места на кои жените можат да патуваат сами. Латиноамериканските земји како Костарика и Панама исто така се одлични опции. Еве кои дестинации ги препорачува Business Insider.

Костарика

- Advertisement -

Во Костарика луѓето се фини и гостопримливи, а времето е совршена мешавина од леснотија на живеење и хаос со изобилство сонце и дождливи бури. Зошто Костарика е одлично место за соло патување? Поради разновидноста што ја нуди. Има многу опции и туристички места во зависноста од тоа колку ви е длабок џебот. Можете поркај брегот да возите велосипед или да планинарите низ дождовните шуми. Потребна ви е само полна батерија на фотоапаратот.

Маунт Која, Јапонија

- Advertisement -

Доколку патувате во Јапонија, задолжително посетете повеќе од еден град. Но, една дестинација која дефинитивно треба да биде на листата со задолжителни атркации е Маунт Која. Сместен меѓу Осака и Кјото, на пет часа возење со воз од Токио, овој мал град нуди уникатно искуство. Можете да преноќите во будистички храм и да ги искусите традиционалните ритуали по кои се познати Јапонците. Доколку навистина сакате да се запознаете себеси и да си допрете во душата, ова е местото кое треба да го посетите.

Тоскана, Италија

- Advertisement -

Спакувајте си го ранецот и тргнете на авантура низ регионот Тоскана во Италија. Овој дел од светот не нуди само убавина и вино, туку ви нуди бегство и изобилство време да се посветите на себеси и на размислување. Во малите гратчиња ќе се чувствувате неверојатно удобно затоа што лесно ќе се снаоѓате, а луѓето се љубезни и ќе ви излезат во пресрет за се што ви треба. Предноста на патувањето соло таму е што сами ќе одредите што ќе посетите и колку долго ќе останете.

Миконос, Грција

Кога ќе ви текне на тиркизните води на Егејското Море, сигурно ќе ве фати носталгија за плажите. Но, пред да си ги спакувате очилата за сонце и куферот, размислете за соло патување до Грција. Односно до Миконос, остров познат по бурниот ноќен живот и живописните плажи.

Швајцарија

Иако Швајцарија е позната по високите цени и скапиот живот, дефинитивно нема да се разочарате доколку сами тргнете во истражување на оваа преубава европска земја. Не само што лесно се патува од град од град, од регион до регион, туку по пат ќе сретнете многу пријателски расположени луѓе и туристи. Возовите ќе ве однесат до каде што ќе посакате, па можете да ги посетите сите делови од Швајцарија.

Ирска

Бидејќи не само што е безбедна за патување и луѓето таму со задоволство ќе ви го покажат патот ако се изгубите, Ирска е задолжителна дестинација за жените кои сакаат авантура, а говорат англиски. Било да изберете метропола како Даблин или некое мало гратче, в оваа земја ќе доживеете незаборавно искуство. Сфатете ги како предизвик сите локални ритуали и обичаи.

Хо Ши Мин, Виетнам

Хо Ши Мин, порано познат како Сајгон, се наоѓа на долго летање со авион, но вреди да се лета толку за да се види тамошната култура. Не само што е одлична дестинација за сите со ограничен буџет, туку Виетнамците со задоволство ќе застанат со секој што ќе ги праша нешто на англиски јазик. Шетајте по булеварите на овој град и застанете да јадете секаде каде што ќе ве привлече мирисот на храна. Бонус е тоа што никогаш нема да се почувствувате осамено затоа што ќе наидете на еден куп туристи.

Порто, Португалија

Не само Порто, туку и цела Португалија е одлична за соло патување на една жена. Градот е горд ан своето наследство и изоболива со сорти вина, па може нема да сакате да си заминете дома. За едно соло патување ќе добиете и културно збогатување и релаксација. Истражете ја цела Португалија според ваше темпо, одвојте време за лутање по улиците додека се одушевувате на богатата архитектура и разнобојните покриви.

Панама

Побрзајте и резервирајте си билет за оваа централноамериканска земја, каде што има бум на бројот на туристи. Оваа мала земја е богата со културен шарм, кој може да си го дозволат и тие со поплиток џеб. Нуди многу авантуристички активности, убави плажи, хостели и хотели по секаква цена.Најголем дел од туристите таму не се од англиско говорно подрачје, па тоа е и одлична можност да стекнете нови познанства.

Босна и Херцеговина

Иако треба да бидете внимателни кога го псоетувате овој дел од светот поради бројните крадци, не може да се негира убавината на БиХ. РЕгионот уште закрепнува од војната пред неколку децении, па ќе ве зачуди контрастот од стари згради со дупки од куршуми и модерната архитектура. Надвор од градовите можете да избегате во еден свет кој уште е недопрен од масовниот туризам, па токму затоа е одлична локација за соло патување.

Сподели!
- Advertisement -