Паметен фластер раните ги затвора брзо и без шиење

- Advertisement -

„Ѕвездени патеки“ и другите научно-фантастични филмови често ни откриваа медицински гаџети ки со лесни и магични потези низ воздухот можат брзо и безболно да ги затворат раните. Секако, нив секој би сакал да ги има при рака доколку се повреди, а додека уште чекаме на таквата иднина, стартапот KitoTech Medical од Сиетл не носи малку поблиску до таквата реалност.

Стартапот разви медицински уред microMend, кој преку раните се става едноставно како фластер, а има црвстина на шевови. Откако ќе се стави преку раната тој ги спојува повредените места за да можат побрзо да заздрават и сето тоа без дополнително оштетување на кожатa. Паметниот фластер спречува инфекции и воспаленија затоа што може да го покрие секој дел од раната и така дополнително да ја заштити.

- Advertisement -

Клиничките истражувања покажуваат одлични резултати. Фластерот им помогна на пациентите подобро и побрзо да закрепнат со многу малку лузни. Истражувања се направени и на свињи, кои имаат слична кожа како нашата и и таму резултатите се одлични на огромни резови од дури 13 см. microMend може да се примени на раните три пати побрзо од шевовите и во текот на истражувањата во 90% од случаите пациентите го избираа паметниот фластер наместо шиење.

Како што информира 24sata, компанијата доби одобрение од Агенцијата за храна и лекови на САД и сега фластерот може и да се купи, но има и свои ограничувања, па велат дека не може да се применува на инфицирани рани или повреди каде што има големо движење и напрегнување како на зглобовите.

Сподели!
- Advertisement -