18 лоши навики од кои треба да се откажете за да бидете поуспешни во 2018 година (2 дел)

- Advertisement -

Продуктивноста значи да се работи паметно, а не понапорно и секој ден да се извлече максимумот. Иако не е лесно да се постигне тоа, многу е полесно да завршите повеќе работи за пократко време доколку не се саботирате самите себе со своите лоши навики. Во продолжение е листа со 18 лоши навики кои Business Insider препорачува да ги откажете во новата година доколку сакате да бидете попродуктивни и поуспешни.

Седите цел ден

- Advertisement -

Наместо цел ден да седите пред компјутер на биро, постои една нова идеја – одржувајте состаноци со одење. Заменете го одењето на афе или на состанок под флуоресцентните светла во салата за состаноци со одење и разговарање. Ќе се зачудите колку свежиот воздух ве поттикнува на размислување.

Мултитаскинг

- Advertisement -

Додека многумина веруваат дека одлично можат да работат две нешта истовремено, научните истражувања покажувааат дека околу 2% од популацијата на Земјата се способни за ефективен мултитаскинг. За остатокот мултитаскингот е лоша навика која го намалува вниманието и продуктивноста.

Не вежбате

- Advertisement -

Истражувањата покажуваат дека вежбите наутро и попладне можат да го подобрат квалитетот на сонот. Една студија дури утврдила дека вежбањето додава 45 минути сон и придонесува за продуктивен ден. Други когнитивни бенефити од вежбањето се подобра концентрација, помалку стрес, подобро расположение, кои значат подобри перформанси во работата.

Импулсивно пребарување на Интернет

Бидејќи најголем дел од нас имаат постојан пристап до Интернет, лесно е да заборавиме на иобврските и да почнеме да пребаруваме некои информации кои ни се појавиле одеднаш.

Претерано планирање

Многу амбициозни и организирани луѓе се обидуваат да извлечат максимум од својата продуктивност со детално планирање за секој час од денот. За жал, не оди се според планот и непланирано може да се појави некоја задача или болно дете. Наместо тоа, треба да планирате 4-5 часа реална работа во текот на денот. Така ќе можете пофлексибилно да работите подоцна.

Недоволно планирање

Треба да одвоите и време за да направите стратегија пред да се обидете да постигнете некои долгорочни цели. Единствено може да се фрустрирате доколку сред процес се обидете да го предвидите крајниот исход. Кога ќе дојдете на половина пат можете само да си го анализирате сработеното за да се уверите дека сте на правилен пат.

Одите на премногу состаноци

Ништо не го нарушува повеќе текот на продуктивноста отколку непотребните состаноци. Алатките како имејл, инстант пораки и видеа се на дофат на рака, па состаноците најдобро искористете ги за сериозни дискусии кои треба да се водат лице во лице. Не треба да прифаќате состанок доколку немате јасна агенда и не знаете колку време ќе трае.

Перфекционизам

Многу почесто од мрзеливоста причина за одложувањето на обврските е стравот дека нема да се заврши добро работата. Почнуваме да работиме само кога стравот од неправењето ништо е поголем од вршењето лоша работа. Но, за тоа е потребно време. Единствениот начин да се надмине перфекционизмот е да не претеруваме со деталите.

Времето ви е организирано на задачи за денот или за секој час

Ова уште се нарекува „замка од 24 часа“. Наместо да мислите за секој час, размислувајте однапред за едена цела недела, на пример. Луѓето често велат дека немаат доволно часови во текот на денот за да завршат се, но за среќа можете да размислувате дека времето го мерите со недели, а не со денови или часови. Доколку размислувате така, ќе видите дека имате многу време за да заврпите се што треба.

Сподели!
- Advertisement -