Во Исланд од 1 јануари е нелегално жените да се плаќаат помалку од мажите

- Advertisement -

Од 1 јануари годинава, во Исланд стапи на сила закон според кој веќе е нелегално за работодавците да ги плаќаат жените помалку од мажите, пишува Business Insider.

За компаниите кои имаат повеќе од 25 вработени сега е задолжително да набават сертификат со кој ќе демонстрираат дека исплаќаат еднакви плати, во спротивно ќе плаќаат казни.

- Advertisement -

Новиот закон беше најавен уште на 8 март 2017 година како дел од стратегијата на Исланд целосно да го отстрани јазот меѓу половите до 2022 година. Поддршка понуди исландската централно-десничарска владина коалиција, како и опозицијата. Речиси 50% во парламентот во Исланд се жени.

Од Исландската асоцијација за женски права велат дека луѓето веќе сфаќаат дека проблемот со еднаквоста меѓу половите е систематски и мора да се решава со нови методи.

- Advertisement -

„Жените зборуваат за овој проблем со децении и иако успеавме да ја подигнеме свеста, дојдовме и до период кога луѓето сфатија дека е потребна законска рамка со која ќе се уредува еднаквоста“ велат од асоцијацијата.

Светскиот економски форум веќе девет години по ред ја рангира Исланд како најдобра држава во светот според еднаквоста меѓу половите.

Сподели!
- Advertisement -