Научници пронајдоа докази за постоење на универзален невербален јазик кој сите го знаеме

- Advertisement -

На полето комуникација психологот Сејда Шозчалшкан од Државниот универзитет на Џорџија постигна интригнанто откритие. Фокусирана на деца од 3 до 12 години, нејзината студија задира во сложеноста на невербалната комуникација, посебно гестовите, како универзален јазик кој е над изговорените зборови. Гестовите, заедно со говорот на телото, откриваат тих дијалог кој ги одразува когнитивните процеси.

Во тој нов пристап 100 деца, од кои половина биле од англиско, а половина од турско говорно подрачје, биле поттикнати за опишуваат канцеларија со зборови и со движења на рацете, после што користеле само гестови без говор.

- Advertisement -

Озчалшкан вели дека на турски е многу посложени да се опише нешто отколку на англиски, но кога децата користеле само гестови, нивните движења имале неверојатна сличност, без оглед на нивниот мајчин јазик.

Резултатите од истражувањето, кои се објавени во списанието Language and Cognition, сугерираат дека сличните шеми во јазикот рано се манифестираат кај деца на возраст од 3 или 4 години и влијаат на невербалната репрезентација на настаните. Интригантнто е тоа што кога не е вокализирано, гестовите стануваат слични, вели Озчалшкан. Таа и нејзините колеги предлагаат заеднички рудиментален комуникациски систем, што го доведува во прашљње конвенционалното верување и ја наглсува потребата за подлабинско истражување.

- Advertisement -

Новото истражување не ги опфаќа само децата, затоа што претходната студија опфатила слепи возрасни лица кои зборуваат турски или англиски и се покажало дека и тие ги надминале јазичните бариери.

Ова студија укажува на постоењето на универзален невербален комуникациски систем, потенцијално надминат или надполонет со усвојувањето на јазиците.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -