Стојче Тасков: Зошто сите иновации доаѓаат од мали старт -ап компании?

- Advertisement -

Главното прашање со кое се бави најпрестижната научна фела во светот е ” ЗОШТО големите компании не можат да иновираат.? Што е тоа што поединците го гледаат и можат, а големите компании не го гледаат и не можат?

Авторот Стојче Тасков е бизнисмен, иноватор, човек кој има создадено неколку старт aп компании и образование на престижниот универзитет Харвард во полето на финансии и  стратегии на иновации

Стојче Тасков

Главното прашање со кое се бави најпрестижната научна фела во светот е ” ЗОШТО големите компании не можат да иновираат.? Што е тоа што поединците го гледаат и можат, а големите компании не го гледаат и не можат? На ова прашање одговор даваат најголемите светски умови во полето на бизнис стратегии. Прв проблемот го гледа, анализира и објаснува големиот татко на менаџментот Питер Дракер во својата книга “Претприемништво и Иновации”. Неговиот заклучок е многу интересен. Тој ги споредува Тековниот бизнис и иновациите со возрасен човек и бебе и вели ” тие имаат различни потреби. Не можете на ист начин да третирате возрасен човек и бебе. Бебето има потреба од нега, целосно внимание и посветеност. Не може да ви врати ништо што вие ќе направите за него. Освен чувство на смисла на живот и среќа. Тековниот бизнис е возрасниот човек а иновациите се бебе. Тековниот бизнис е котиран на берза и мора да одговори на сите обврски кон инвеститорите и да прикаже поврат на инвестициите – вложувањата на секој квартал. Но иновациите се бебе, тие неможат да прикажат резултат во еден квартал, ниту во една година. Големите компании имаат организациска поставеност и море од обврски со чие исполнување  ја хранат сегашноста, но со тој фокус ја изгладнуваат својата иднина. Не дека големите компании неможат да иновираат затоа што се неуспешни, неиновативни или необразовани, напротив не можат да иновираат БАШ ЗАТОА ШТО СЕ УСПЕШНИ. Тие имаат обврска да го хранат моделот што им носи успех.

- Advertisement -

20 години подоцна изумителот на теоријата на дисруптивни иновации, професорот Клејтон Кристенсен ќе направи обид попрецизно да го формулира проблемот и решението за истиот во својата книга ” Иноваторс солушн” и  истражувачкиот труд ” дилемата на капитализмот” тој прво иновациите ќе ги категоризира во 3 категории а потоа ќе формулира термин со кој ќе ја означи поентата што е превидена во управувањето со иновациите – профитна формула. Тој аргументира дека големите компании се големи иноватори, но иноватори на одржливи решенија. Тоа се иновации кои тековниот продукт го прават подобар или создаваат комплементарни вредности и искуства на тој тековен производ. Тоа се одржливи иновации. Она што ние го подразбираме под иновации Тој го именува како “иновации што создаваат нови пазари” и тоа е промена на начинот на кој луѓето задоволуваат свои потреби. Тоа се дисруптивни иновации, кои создаваат дисконтинуитет на еден и нов живот за друг производ.

- Advertisement -

Големите компании не можат да создаваат дисруптивни иновации бидејќи тоа би значело дека сами на себе ќе си создадат дисконтинутит. Тоа е невозможно. Но второто логичко прашање е ако неможат сами да иновираат и да се создаваат огромен економски раст, зошто со аквизиции не ги купуваат новите фирми и со тоа да се заштитат од дисконтинуитет. Одговорот е повторно во линија на Питер Дракер. Затоа што се котирани на берза. Тие имаат обврска на своите инвеститори да им презентираат квартален раст. Но аквизицијата на стартaп што има силен дисруптивен потенцијал не носи квартален резултат , барем не позитивен. Тоа би значело алокација на финансиски ресурси во “ассет” што во билансот на состојба ќе ја зголеми страната на средства но нема да ја зголеми профитабилноста на компанијата на краток рок, туку дирекно ќе го наруши коефициентот на поврат на капитал и вложен капитал. А тоа ќе ја уништи вредноста на тековниот бизнис.

Ете затоа големите компании не можат да бидат носители на дисруптивните иновации, бидејќи според својата ПРОФИТНА ФОРМУЛА, тие живеат во светот на тековни Финансиски обврски за поврат на вложен капитал а не во светот на смислата на вложениот капитал.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -