Македонските аеродроми очекуваат рекордна година

- Advertisement -

Аеродромите во Скопје и Охрид се подготвени за уште една рекордна година откако и двата заедно услужија нешто повеќе од 2 милиони патници во 2017 година. Во интервју за порталот EX-YU Aviation News, генералниот директор на ТАВ Македонија, кој управува со двата меѓународни аеродроми во земјата, Алпер Ерсој рекол:

„Всушност, 2017 година беше успешна година за ТАВ Македонија. Wizz Air го донесе четвртиот авион на скопскиот аеродром и воведе четири нови дестинации од Скопје. Qatar Airways, една од авиокомпаниите со пет ѕвездички, започна летови меѓу Доха и Скопје, а за првпат дочекуваме и туристи од Полска на аеродромот во Охрид, покрај останатите релации кои веќе беа во функција. Како резултат на новите дестинации и зголемени фреквенции, имаме нешто повеќе од два милиони патници ( 13% повеќе во споредба со 2016 година) и на аеродромите Скопје и Охрид во 2017 година. Покрај тоа, повторно сме во првите десет на листата на најдобри аеродроми рангирани од Skytrax во 2015 и 2016 година“.

- Advertisement -

Годинава веќе се подготвува да биде една од најфреквентните за македонскиот воздухопловен сектор. Владата ќе вложи 1,7 милиони евра за стимулирање на воведување нови правци со нискобуџетни превозници, додека три авиокомпании веќе го потврдија лансирањето на нови услуги од Охрид. EX-YU Aviation News пишува дека очекуваната промена на името на скопскиот аеродром Александар Велики ќе резултира со воведување на летови помеѓу Атина и македонскиот главен град од страна на Aegean Airlines.

Голем број други превозници, исто така, изразија интерес да воведат летови до земјата, вклучувајќи ги и LOT Polish Airlines и Arkia Israeli Airlines. Претставниците од двете авиокомпании разговараа со македонската влада околу потенцијалните услуги.

- Advertisement -

„Влезот на нов пазар е секогаш одлука за авиокомпаниите поради зголемената конкуренција, намалените придонеси и трошоците за почеток. Затоа, со цел да ги направиме да се чувствуваат удобно, ги поврзуваме претставниците на авиопревозниците со владини органи со што ќе имаат подобро видување и разбирање, не само за капацитетите на аеродромите, туку и за земјата, она што Македонија може да го понуди како дестинација, големината на пазарот и владината поддршка во воздухопловството и туризмот“, истакнал г-дин Ерсој.

Во 2018 година, ТАВ Македонија предвидува бројот на патници да продолжи да расте. „Ние предвидуваме слично зголемување како во 2017 година, но, како што проценивме, и надворешните фактори имаат сериозни ефекти врз бројот на патници и летови. Ние сакаме успешна година за целиот воздухопловен сектор”, рекол генералниот директор.

- Advertisement -

„Нашата прва цел во 2018 година, како и секогаш, ќе биде да обезбедиме висококвалитетни услуги за нашите патници и клиенти. Ќе продолжиме да се фокусираме на задоволството на патниците и да работиме напорно за да бидеме рангирани како аеродром со најдобра услуга во нашата категорија на Airports Council International’s Airport Service Quality Awards, како што направивме во три наврати, во 2012, 2013 и 2015 година. Нашата сестринска фирма БТА, која обезбедува угостителски услуги, ќе воведе нови артикли за храна и пијалоци и на копно и на авионите на скопскиот аеродром, со зголемен капацитет.“

Операторот на аеродромот, исто така, ќе продолжи со разговори со превозниците со цел да обезбеди нови услуги во текот на 2018 година. „Како дел од маркетинг стратегијата, постојано комуницираме со авиокомпании и тур-оператори за да ги привлечеме да влезат на македонскиот пазар. Холандскиот TUI веќе објави нови летови од Ајндховен до Охрид од мај 2018 година. Покрај тоа, аеродромот во Охрид ќе ги дочека првите естонски туристи во летото 2018 година. Слично на тоа, летовите од Катовице до Охрид, како и услугите од Варшава до Охрид, ќе бидат лансирани во 2018 година.”, заклучил г-дин Ерсој.

Сподели!
- Advertisement -