SmokeBeat, апликација која ќе ви помогне да се откажете од пушењето

- Advertisement -

Пушењето е лоша навика која ја имаат многу луѓе во светот. Многумина се борат да ги откажат цигарите и покрај фактот дека пушењето е забрането на многу места и цената на цигарите постојано расте. Сепак, има еден куп пушаци. Се разбира, како и со се друго, има многу апликации кои можат да ви помогнат да се откажете. Но, лесно е да се прелажат апликациите затоа што вие самите ги внесувате податоците. Тука ќе ви помогне Somatix со својата апликација SmokeBeat.

Somatix најде начин како да се откажете од пушењето со помош на паметниот часовник. Според компанијата, нивниот алгоритам може да препознае кога некој ја подигнал раката за да се почеша, да јаде или да пуши цигара. Апликацијата потоа може да пресмета колку цигари сте испушиле во определен период, колку време сте потрошиле во стоење и колку пари сте потрошиле. Активните нотификации ќе им помогнат на пушачите полесно да се откажат од цигарите. Може да се направат и планови за постепено намалување на консумацијата на никотин.

Сподели!
- Advertisement -