Ова се десетте најбрзорастечки компании во индустријата за храна и пијалаци на листата Inc 5000 на магазинот Inc.com.
10. Brightfarms – со цел да ги намали трошоците во синџирот за снабдување,компанијата која финансира и управува со стакленички фарми направи приходи од 6 милиони долари минатата година, што е раст од 1.812% во споредба со 2013 година.
9. Boba Guys – можеби почна како поп-ап продавница во ресторан за нудли, но Boba Guys сега управува со синџир од продавници за чај, а минатата година имаше приходи од 3 милиони долари.
8. LifeAid Beverage Company – Оваа компанија од Санта Круз во Калифорнија генерираше околи 13 милиони долари приходи во 2016 година, што е раст од 1.902% во споредба со 2013 година.
7. JC’s – компанијата за производство на пити пррави замрзнати слатки задоволства. Минатата година имаше приходи од 5,25 милиони долари.
6. Factor 75 – Нуди готови оброци без глутен и соја, без додаден шеќер, без ГМО, без вештачки засладувачи, антибиотици или хормони. Factor 75 имаше 6 милиони долари приходи во 2016 година.