Блумберг го прогласи Џеф Безос за најбогат човек во историјата!

- Advertisement -

Богатството на основачот на интернет-страницата „Амазон“, Џеф Безос премина 100 милијарди долари, објави „Блумберг“.

Според најновата листа, Безос е најбогат човек на светот со 105,1 милијарди долари, а зголемувањето на цената на акциите на „Амазон“ за 1,4% во текот на вчерашниот ден е причина за последниот раст на неговото богатство.

Најпознат по основање на компанијата „Амазон“, Безос е сопственик и на весникот „Вашингтон Пост“ како и на компанијата „Блу Оринџ“ која се занимава со приватни патувања во вселената. Богатството на Безос во 2017 година се зголемило за 32,6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на индексот на милијардери на Блумберг на кое второто место го држи на Бил Гејтс со 89,1 милијарди долари.

- Advertisement -

Претходно во 1999 година, Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ се искачи нешто над 100 милијарди долари.

Според рејтингот на магазинот „Форбс“, богатството на Безос изнесува 104,4 милијарди долари, но и тоа е доволно за да се прекине рекордот што го постави сопственикот на „Мајкрософт“.

Сподели!
- Advertisement -