Од симнување вишок килограми до штедење пари, многумина решија да сменат некои работи во новата година. Но, доколку сте некој кој има проблем со држењето до одлуките, еден од најдобрите начини да ја почнете новата година е да се организирате. За среќа, има многу апликации и дигитални алатки за достигнување на целите.
Има многу алатки кои поддржуваат различни животни стилови било да сте зависник од работа, минималист или вечен патник. Од апликација која ги персонализира настаните и контактите од социјалните медиуми до апликација која се фокусира на GPS и мапирање за да отидете навреме на сите состаноци. Entrepreneur состави листа со 15 апликации и алатки за максимална продуктивност во 2018 година.
11. Any.do
Доколку постојано правите листи со работи кои треба да ги завршите, а не наоѓате време за се, Any.do ќе ви помогне. Any.do има помага на луѓето да ги префрлат своите листи со обврски во календар за да имаат визуелен приказ на работата која ги чека и за да ја завршат. Апликацијата, всушност, е персонален асистент кој листите со задачи ги претвора во организирани планови. Достапна е бесплатно за Android и за iOS.
12. Timepage
Апликацијата е дело на Moleskine и комбинира алатки, настани, мапи контакти и информации за времето. Наменета е за зафатени професионалци кои често немаат претстава колку време имаат. Нуди и мапа на која како кај гоеграфскиот приказ на температурите ги прикажува сите денови според тежината на работата. Достапна е за iOS за 1.,99 долари месечно.
13. Awesome Calendar
Иако името кажува се, Awesome Calendar навистина има се – од информации за времето до забелешки, фотографии и ефективно менаџира со вашето време и со вашиот живот. Корисниците можат да креираат настан, да стават форографија во планерот и а го синхронизираат својот распоред со други. Доколку некој работи во група, Awesome Calendar е одлична алатка, Достапна е за iOS за 9,99 долари.
14. aCalendar
Ако сте традиционален тип, но ви здосадител Google и Outlook Calendars, aCalendar е следната најдпбра опција. Едноставниот дизајн ја прави апликацијата лесна за употреба и особено се корисни опциите за шеми на бои. Доколку постојано имате полн распоред, aCalendar ќе ви овозможи да ги менаџирате дневните задачи. Достапна е бесплатно за Аndroid.
15. Business Calendar 2
Business Calendar 2 неодамна беше целосно реогранизирана и сега нуди одлично корисничко исксутво и визуелно многу пријатен формат. Наменета е пред се за зафатените професионалци. Корисниците лесно можат да се префрлаат од модул на модул и да добиваат резиме за идните настани со кратки бирфинзи за задачите, состаноците и слично. Достапна е бесплатно за Android.