Tip of the Week – Ритуали

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Сите ние имаме ритуали и секој од нас посебно се носи со тие ритуали.

- Advertisement -

Некој од сабајле сака да си пие кафе дома на мира, пополека да се подготвува, одговара на пораки и што сè не, па да дојде подоцна на договорено место…

Некои, пак, си имаат своја патека на движење…

- Advertisement -

Некои тимови, пред да излезат на терен, имаат ритуал на заедничко пеење песна или молитва…

Додека некои имаат сосема поинакви ритуали…

- Advertisement -

Си ги нарекуваме ритуали, а всушност се некој вид на верувања или суеверија… Но, како и да ги нарекуваме, не е проблемот што си имаме некакви ритуали кои ги правиме секојдневно туку проблемот е што ако не ги исполниме ритуалите, тогаш веднаш помислуваме дека нешто неубаво ќе ни се случи.Претпоставувам дека сте свесни дека доколку не ги исполните ритуалите дека ќе ви се случи нешто лошо, туку тие можат да бидат и продуктивни и да придонесат кон подобрување на атмосферата. Па затоа, ајде да ги свртиме во позитивна насока. Еве, ако зборуваме за на работа, постојат неколку ритуали кои можат да придонесат кон подобрување на атмосферата, тимот, но и ефективноста на сите:

Ритуали за градење на односи:

  • Добредојде за нови вработени – направете го првиот ден или првата недела на новиот колега незаборавен. Тоа нека биде ритуал кој ќе се применува и ќе се пренесува од колено на колено (што се вели), па стариот колега (или цел тим) ќе треба да го израдува новодојдениот.
  • Распоред на неделни, месечни или тримесечни тимски настани – планирајте редовни времиња за да се дружите и да разговарате со тимот. Ова може да биде за време на оброк, забавна активност надвор од работата…
  • Родендени и годишнини – немојте да ги заборавате и задолжително да ги прославувате. Може да биде и како еден вид дружба на сите во тимот, а може и да биде и на забавен и необичен начин (чисто да се направи некоја промена во секојдневието).

Ритуали за прославување на успех:

  • На крајот на проектот, крајот на месецот, потпишан договор, важен пресврт, прославувајте со тимот.
  • Работник на неделата, месецот или на годината е убав настан за мотивирање на вработените.

Ритуали кои промовираат развој:

  • Неуспеси и научените лекции – од секој неуспех извадете научени лекции со тоа што ќе го искомуницирате со сите во тимот, ќе го деперсонализирате истиот, ќе потенцирате што било добро, а што лошо и како може да бидеме подобри за следниот пат.
  • Микроработилници –планирајте редовни микросесии за учење. Побарајте од членовите на тимот да ги споделат своите вештини и таленти или да донесат специјалисти за да споделат теми од интерес. Нека бидат во некоја забавна атмосфера, во текот на работното време!

Направете ритуали од кои ќе имате бенефит, а не само пречки во понатамошниот ваш напредок и развој.

Со успех во промените,

@kalinbabusku,

член на тимот

Сподели!
- Advertisement -