Светска банка прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,2%

- Advertisement -

Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2%, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи.

Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.

- Advertisement -

Со проекцијата на СБ за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9% и од 4% во 2020 година.

- Advertisement -

Како и во есенскиот редовен извештај за економијата во ЈИЕ, СБ прогнозира раст од 1,5% на македонската економија во 2017.

Од земјите во регионот, според СБ, Албанија годинава ќе има раст од 3,6%, БиХ 3,2%, Бугарија 3,3%, Хрватска 2,6%, Црна Гора 2,8%, Србија 3%, а Косово 4,8%.

- Advertisement -

СБ проценува дека глобалната економија годинава ќе се подобрува и предвидува раст од 3,1%.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -