Производител на лути пиперки од Србија направи пиво со вкус на чили

- Advertisement -

Андреј Ваш од Зрењанин, кого сограѓаните го знаат како врвен производител на лути пиперки, отиде чекор напред и направи пиво со вкус на лути пиперки. Пивото се вика „чили манго ипа” и засега можат да го консумираат само роднините и пријателите на Андреј затоа што станува збор за пилот проект, но овој млад човек има сериозни планови, пишува Dnevnik.rs.

„Крафт пиварниците во последно време заземаат голем дел од пазарот на пиво и тоа е иднината. Е сега и тука треба да знаеш да се истакнеш, па сам решив да пробам да го спојам пивото и својата страст, а тоа се лутите пиперки. Пивото е традиција на нашиот град, речиси историја и тоа ми беше инспирација“ раскажува Андреј.

- Advertisement -

Минатата година била најуспешна за Андреј со рекордно производство на пиперки во последните 7 години. „Сега веќе знам и што да произведам и како да го продадам. Интернетот ми е главниот пазар. Имам идеја да ја засадам најскапата пиперка во светот – дивата пиперка од Перу. Килограм такви суви пиперки достигнува 25.000 долари. Не ми е проблем да ја одгледам, само ми треба пазар“ вели Андреј.

Сподели!
- Advertisement -