Во Скопје ќе се одржи голема научна конференција за чиста животна средина

- Advertisement -

Во организација на Здружението 6та ѕвезда, Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Технолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и БЕНА (Балканска асоцијација за животна средина) од 22 до 25 март 2018 година се организира научна конфренција посветена на проблематиката на животната средина GREDIT2018 Green development, green infrastructure, green technology.

BENA (Balkan Environmental Association) е најголема меѓународна научна асоцијација во регионот и една од најголемите вакви научни асоцијации во Европа која се занимава со развивање на научна соработка во областа на животната средина на национално, регионално и меѓународно ниво. Повеќе за BENA можете да видите на http://www.jepe-journal.info/bena

- Advertisement -

Помеѓу другото, темите на научната конфренција, која ќе се одржи во Скопје, ќе бидат: загадување на воздух, вода и почва; обновлива енергија; менаџирање со урбаниот и индустрискиот отпад; енергетска ефикасност; климатски промени; здравствени аспекти на загадувањето на животната средина; агроекологија и менаџирање со еколошки ризици.

На конференцијата ќе учествуваат голем број научници од областа на животна средина од Европа и од САД. Повеќе за оваа конференција може да видите на http://benainfo.net/gredit/ . На конференцијата се очекува да пристигнат повеќе од 200 трудови од научници од 15-ина земји. Местото на одржување на конференцијата е техничкиот кампус во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Сподели!
- Advertisement -