Пет важни промени на работното место предизвикани од дигитализацијата

- Advertisement -

Според некои истражувања, до 2020 година ќе бидат развиени околу 250.000 апликации за секојдневна употреба наменети за Интернет на нештата. Токму ваквите алатки или предмети се дел од тековниот процес на дигитализација кој има големо влијание и на работните средини. Вработените и работодавците ќе се соочат со фактот дека зголемената потреба од уреди со интернет конекција значително ќе ја промени нивната работна рутина.

1. Зголемена соработка

- Advertisement -

Веќе е широко прифатена практиката вработените да бидат во постојан контакт меѓусебно дури и кога се надвор од работното место поради честата употреба на паметни уреди. Можноста за складирање на голема количина податоци во виртуелен облак овозможува размена на датотеки во секое време, додека пак алатките за видеоконференции ја намалуваат неопходноста од состаноци во живо. Меѓутоа, пред нас се уште посериозни промени одбележани од појавата на пазарот на роботи за соработка. Користејќи го таблетот или мобилниот уред корисниците ќе можат да се поврзат и од далечна локација со помош на роботот кој се претвора во виртуелен агент. Работодавците веќе не мора да се состануваат во посебна конференциска сала. Роботот ќе го пресретнува сигналот кој доаѓа од еден таблет и ќе знае до кого од вработените да се обрати, со што се заштедува време и напор.

2. Зголемена продуктивност

- Advertisement -

Замислете си го вашиот кафемат поврзан преку Интернет со вашиот паметен телефон. Би можеле да го одберете омилениот вид кафе и да го започнете неговото приготвување без притоа да треба да станете од вашето биро. На овој начин би го заштедиле сето време кое инаку би го потрошиле чекајќи ред пред кафематот, кое би можеле да го искористите да одговорите на сите пораки во вашето електронско сандаче.

Од уредите за следење на кондицијата, пак, ќе имате придобивка и вие и вашиот работодавец. Истражувањата покажале дека здравите вработени се повеќе продуктивни, поради што одредени трговски друштва почнуваат активно да го поддржуваат трендот за користење на уреди за следење на кондицијата. Се претпоставува дека до 2020 година ќе се применуваат дури 75 милиони мобилни технолошки уреди, а дел од нив ќе бидат понудени бесплатно како дел од корпоративните програми за здравствена грижа на вработените. На ваков начин ќе се озвоможи и заштеда на здравствените трошоци за вработените.

- Advertisement -

3. Подобрена безбедност

Сензорите кои им овозможуваат на компаниите да ја следат продуктивноста на вработените имаат уште една потенцијална корист, а тоа е безбедноста. Придружните уреди обично се компјутери вградени во облека и опрема која е удобна. Тие работат и со пософистицирана технологија сензорите за скенирање кои ги содржат. На овој начин може да се дознае дали техничарот кој работи на далековод или на оддалечена локација доживеал пад. Компанијата во тој случај може да реагира бргу и да го провери статусот на вработените во реално време.

4. Посложено управување со уреди

Како што расте бројот на поврзаните уреди се зголемува и комплексноста на нивното управување. Вработените, покрај вообичаеното искуство со својот паметен телефон, ќе имаат и дополнителна функција, односно контрола на уредот со интернет конекција. Многу од уредите со интернет конекција нема да имаат дисплеј, па на голем број од оперативни функции ќе им се зголеми комплексноста. Вработените и техничките одделенија ќе мора да се справуваат со широк спектар на платформи, за што ќе биде потребна и едукација за контрола и управување со интегрираните уреди.

5. Нови работни позиции

Според некои истражувања, се зголемува бројот на директори за дигитални услуги и се предвидува дека наскоро дури 25% од компаниите ќе имаат главен директор за дигитални услуги. Во иднина ќе бидеме сведоци на зголемување на потребата од научници и аналитичари за податоци, па дури и директори на оддели за задоволство на корисниците. Компаниите се соочени со предизвикот да пронајдат персонал со квалификации и експерти опремени да работат во средина која функционира со уреди со интернет конекција кои се во континуиран развој. Доколку имате крај себе вистински партнери за дигитализација, ќе имате поддршка на секој чекор. Дури и малите компании со минимално искуство во IT областа можат да стекнат придобивки од ваквите партнери.

Сподели!
- Advertisement -